Стани повешт во службата — биди корисен соработник
Зошто е важно: Исус знаел дека е корисно да одиме во служба заедно со некој друг. Затоа, кога одредил 70 негови ученици да одат пред него и да проповедаат, ги испратил двајца по двајца (Лука 10:1). Соработникот може многу да помогне ако објавителот што сведочи се најде во незгодна ситуација или не знае како да му одговори на станарот (Проп. 4:9, 10). Тој може да сподели со него нешто од лично искуство и одвреме-навреме да му даде некој предлог кој може да му помогне да стане уште повешт во службата (Изр. 27:17). Освен тоа, може да го охрабри со тоа што ќе зборува за изградувачки работи додека одат од една до друга врата (Фил. 4:8).
Предлог за месецот:
Откако си бил со некого во служба од врата до врата, кажи му со кои зборови или постапки покажал дека е корисен соработник.