Стани повешт во службата — подготви добар увод
Зошто е важно: Ако не успееме да подбудиме интерес кај станарот со првите зборови што ќе му ги кажеме, тој би можел веднаш да го прекине разговорот и да не ни даде можност да му посведочиме. Затоа, многу објавители сметаат дека уводот е најважниот дел од презентацијата. Иако во Нашата служба за Царството и во брошурката Како да се започнат и продолжат библиски дискусии има презентации кои може да ги користиме во службата, во нив понекогаш не е даден увод. Така можеме да го почнеме разговорот со свои зборови. Но, дури и ако се дадени уводните реченици, објавителите можат да ја изменат презентацијата или да си подготват своја. Значи, за да имаме поголем успех, треба внимателно да го подготвиме нашиот увод наместо да го кажеме она што прво ќе ни падне на ум кога станарот ќе ја отвори вратата (Изр. 15:28).
Предлог за месецот:
Одвој време во текот на Семејната вечер да подготвиш уводи и да ги вежбаш.
Кога си во служба со некој објавител, кажи му како планираш да започнеш разговор со луѓето (Изр. 27:17). Смени го уводот ако не е делотворен.