ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 7/14 стр. 2
  • Како изгледам во очите на Јехова?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како изгледам во очите на Јехова?
  • Нашата служба за Царството 2014
  • Сличен материјал
  • Користи ја Библијата како огледало
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2025
  • Зачувај ја „својата прва љубов“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Како да ја читаш Библијата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Како да останеме самопожртвувани
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
Повеќе
Нашата служба за Царството 2014
km 7/14 стр. 2

Како изгледам во очите на Јехова?

1. Зошто Библијата може да се спореди со огледало?

1 Колку често се погледнуваш во огледало? Повеќето од нас го прават тоа секој ден за да проверат дали е сѐ во ред со нивниот надворешен изглед. Интересно е тоа што Библијата е споредена со огледало. Читањето на Божјата Реч ни овозможува да видиме какви сме одвнатре, односно да ја видиме личноста што ја гледа Јехова (1. Сам. 16:7; Јак. 1:22-24). Божјата Реч „може да ги процени мислите и намерите на срцето“ (Евр. 4:12). Како секојдневното читање и размислување за Библијата може да ни помогне да се преиспитаме на кои подрачје треба да се подобриме за да сведочиме поделотворно? (Пс. 1:1-3).

2. Како Библијата може да ни помага да се преиспитуваме?

2 Користи ја Библијата како огледало: Од библиските извештаи за верните Божји слуги учиме кои особини му се допаѓаат на Јехова. На пример, Давид покажал ревност за Божјето име (1. Сам. 17:45, 46). Исаија храбро се понудил да проповеда на тешко подрачје (Иса. 6:8, 9). Исус чувствувал силна љубов кон својот небесен Татко, и затоа службата на проповедање за него не била тежок товар, туку извор на освежување и задоволство (Јован 4:34). Христијаните од првиот век ревносно проповедале, имале доверба во Јехова и биле решени да не се откажуваат (Дела 5:41, 42; 2. Кор. 4:1; 2. Тим. 4:17). Ако размислуваме за таквите примери ќе можеме да се преиспитуваме за да утврдиме како поделотворно да проповедаме.

3. Зошто треба без одложување да ги направиме неопходните промени кај себе?

3 Поправи го она што не е во ред: Се разбира, огледалото воопшто нема да ни користи ако не го поправиме она што не е во ред со нашиот изглед. Можеме да го молиме Јехова да ни помогне да се гледаме реално и да ги направиме потребните промени (Пс. 139:23, 24; Лука 11:13). Бидејќи преостанува уште малку време и животите на луѓето се во опасност, мораме без одложување да ги направиме неопходните промени кај себе (1. Кор. 7:29; 1. Тим. 4:16).

4. Што се случува со оној што се задлабочува во Божјата Реч и ги прави потребните промени?

4 Нашиот внатрешен човек — она што Јехова го гледа — е многу поважен од надворешниот изглед (1. Пет. 3:3, 4). Што се случува со оној што се задлабочува во Божјата Реч и потоа ги прави потребните промени? Тој „не е заборавлив слушател, туку извршител на речта, [и] ќе биде среќен што ја врши“ (Јак. 1:25). Доколку ‚ја одразуваме Јеховината слава како огледала‘, и ние ќе бидеме среќни и делотворни во службата на проповедање (2. Кор. 3:18).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели