Како да ги објасниме нашите верувања за 1914
Библијата нѐ поттикнува ‚секогаш да бидеме спремни‘ да ги браниме нашите верувања „благо и со длабока почит“ (1. Пет. 3:15). Но, понекогаш ни е тешко да ги објаснуваме подлабоките библиски вистини. На пример, можеби не е лесно да објасниме од каде знаеме дека Царството почнало да владее во 1914 год. Затоа, од голема помош ќе ни бидат двете статии со наслов „Разговор на библиски теми — Кога почнало да владее Божјето Царство?“ во изданието на Стражарска кула за широка публика за октомври и ноември. Додека ги читаш овие статии, размисли за следниве прашања поврзани со начинот на кој сведочи Кристијан, објавителот што е спомнат во нив.
Како Кристијан...
користеше пофалба за да најде заеднички темел? (Дела 17:22).
покажа понизност додека го објаснуваше своето верување? (Дела 14:15).
Зошто е добро тоа што Кристијан...
одвреме-навреме ги повторуваше главните мисли пред да започне нова мисла?
повремено го прашуваше станарот дали го разбира тоа што му го кажува?
не изнесуваше премногу информации во еден разговор? (Јован 16:12).
Многу сме му благодарни на Јехова, нашиот „Најголем Учител“, затоа што ни помага да им ги објасниме длабоките библиски вистини на оние што се духовно гладни! (Иса. 30:20).