Рубрика која ни помага во службата
1. Која е целта на рубриката „Разговор на библиски теми“?
1 Одвреме-навреме, во изданието на Стражарска кула за широка публика излегува рубриката „Разговор на библиски теми“. Целта на оваа рубрика е да им помогне на луѓето полесно да ги разберат библиските учења и да ни покаже нам како може тактично да им ги објасниме (1. Пет. 3:15). Како можеме да ја користиме оваа рубрика?
2. Како можеме да ја користиме оваа рубрика во службата?
2 Користи ја во службата: Можеш да си зачуваш неколку примероци од Стражарската кула во која има статија од оваа рубрика. Ако станарот, интересентот или некое лице со кое ја проучуваш Библијата ти постави прашање или ти даде приговор за кој се зборува во некоја од овие статии, дај му примерок од списанието и разгледајте ја статијата заедно. Ако немаш печатен примерок, можеш да го преземеш списанието од jw.org/mk.
3. Како може да разговараме со некого на темел на овие статии?
3 Како можеш да разговараш со некого на темел на овие статии? Некои објавители го читаат текстот на Сведокот, а станарот го чита текстот на другото лице. Ова може да биде делотворно затоа што му овозможува на станарот да ги испита нашите верувања без да се чувствува непријатно (5. Мој. 32:2).
4. Како да ги користиме овие статии за да се подготвиме за службата?
4 Поучи се себеси и другите: Додека ги читаш статиите од оваа рубрика, обрни внимание на стиховите, споредбите и начинот на кој се објаснети библиските учења. Забележи го тонот и стилот на статијата. Потоа, примени го тоа во службата (Изр. 1:5; 9:9). Една сестра вели: „Кога ги читам овие статии, како да учам од совршен пионер кој секогаш знае што да каже!“
5. Како може да им помогнеме на библиските студенти да се подготват за службата?
5 Исто така, можеш да ги користиш за да им помагаш на библиските студенти да се подготват за службата. Читајте ги заедно, така што студентот ќе биде во улога на Сведок. На тој начин, ќе научи тактично да зборува за своите верувања (Кол. 4:6). Овие статии се еден од многуте начини на кои Јехова ни помага ‚потполно да ја извршиме нашата служба‘ (2. Тим. 4:5).