ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w91 1/6 стр. 7
  • Исусовиот живот и служба

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Исусовиот живот и служба
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Сличен материјал
  • Рубрика која ни помага во службата
    Нашата служба за Царството 2013
  • Нова рубрика во Стражарска кула
    Нашата служба за Царството 2012
  • Дали добро го користиш ова списание?
    Нашата служба за Царството 2008
  • Нова рубрика наменета за започнување библиски студии
    Нашата служба за Царството 2010
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
w91 1/6 стр. 7

Исусовиот живот и служба

СТАТИЈАТА ”Исус завршува сѐ што Бог бара“ на следните страници е последниот дел од нашата долга серија ”Исусовиот живот и служба“. Оваа статија се појавуваше во Стражарска кула повеќе од шест години, во 149 изданија едноподруго, започнувајќи со изданието од 1. април 1985.

Се надеваме дека оваа серија во Стражарска кула ви помогнала да го следите советот на апостол Павле да ’гледате внимателно на Исус‘ и да внимавате на Божјата заповед да ’го послушате‘ (Евреите 12:2, 3, NW; Матеј 17:5). Низ годините, многумина пишуваа за да кажат дека им било помогнато да го сторат тоа. ”Како да сум таму да го слушам и го гледам што прави“, напишал еден читател. ”Поради овие статии го засакав повеќе.“

Друг читател напишал: ”Секое издание како да содржи некоја клучна мисла која сум ја пропуштил кога сум го читал библискиот извештај. Уживав да ги запомнам различните настани од Исусовиот живот во подобар хронолошки ред со читањето на секоја статија“. Многумина изразија слично ценење затоа што научиле кога и каде Исус поучувал и дејствувал за време на службата.

Една жена од Шпанија рекла: ”Ги чувам сите статии од почетокот. Толку се поучни и за возрасни и за деца. Имам 44 години и воодушевена сум кога ги читам овие извештаи. Како да сум присутна во секој историски настан.“

Една мајка од САД напишала: ”Поради краткоста на статиите и нивниот едноставен израз, мојот сопруг се придружи во нашето семејно проучување. Мојот осумгодишен син ме замоли да ви напишам за да ви се заблагодари што неговиот татко сега ја проучува Библијата. Тој ве моли, еден ден кога серијата ќе биде комплетирана, статиите да бидат издадени во вид на книга за да може да ги споделува со своите школски другарчиња.“

Можеби и ти ги делиш чувствата на читателот кој неодамна се пожали: ”Се чувствувам по малку тажен кога ќе помислам дека серијата наскоро ќе заврши како што се разгледуваат последните денови од Исусовиот живот. Навистина ќе ми недостасуваат во Стражарска кула“. Се надеваме дека ќе уживаш во овој последен дел од нашата серија ”Исусовиот живот и служба“.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели