Нова алатка за истражување
Милиони објавители во целиот свет го користат Индексот на публикации на Јеховините сведоци за да истражуваат. Но, бидејќи во него има многу информации, не е достапен на голем број јазици. Затоа беше издаден Прирачник за истражување на публикациите на Јеховините сведоци на околу 170 јазици. Во Прирачникот за истражување се наведени публикации што излегоа од 2000 год. наваму. Тој не е отпечатен на оние јазици на кои веќе има Индекс на публикации, но е вклучен во електронски формат во Библиотеката со публикации на CD и во ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКАТА. Прирачникот за истражување ќе ни помогне да најдеме одговори на некои библиски прашања, да најдеме информации за некоја тема што нѐ интересира и да се подготвуваме за состаноците и за Семејната вечер.