Зошто веднаш да заминеме?
На состаноците за проповедање сме со нашите браќа и сестри и сосема е нормално да сакаме да си поразговараме со нив. Меѓутоа, откако состанокот ќе заврши, пожелно е веднаш да се упатиме кон подрачјето. Мораме да проповедаме со чувство на итност (2. Тим. 4:2). Колку подолго се задржуваме, толку помалку време за служба имаме. Додека сме во служба со браќата и сестрите, ќе имаме многу прилики за разговор. Со тоа што веднаш ќе си заминеме од состанокот ќе покажеме дека сме вредни робови на Јехова и на неговиот Син (Рим. 12:11).