Ревносно да се поттикнуваме кон добри дела
Во Евреите 10:24 сме охрабрени „да размислуваме еден за друг за да се поттикнуваме кон љубов и кон добри дела“. Можеме да ги поттикнуваме нашите браќа и со збор и со пример. Зборувај со нив за убавите искуства од службата. Нека ја видат кај тебе радоста што ја чувствуваш затоа што му служиш на Јехова. Но, немој да ги обесхрабруваш споредувајќи ги со себе или со другите (Гал. 6:4). Користи ги твоите јаки страни за да ги поттикнеш да прават добри дела од љубов, а не од чувство на вина. (Види ја книгата Школа за служба, стр. 158, пас. 4.) Ако се поттикнуваме кон љубов, нема да изостанат ни добрите дела — ќе помагаме во материјален поглед, ќе сведочиме и слично (2. Кор. 1:24).