Подготви се за Спомен-свеченоста
Било 13 нисан 33 год. од н.е. Исус знаел дека тоа му е последната вечер со неговите најблиски пријатели и дека следниот ден ќе биде погубен. Тој сакал да ја прослави својата последна Пасха со нив и да воведе една нова прослава, Господаровата вечера. Но, за еден таков важен настан требало да се направат некои подготовки. Затоа ги испратил Петар и Јован да подготват сѐ што било потребно (Лука 22:7-13). И христијаните денес што секоја година ја одбележуваат Спомен-свеченоста треба добро се подготват за овој настан (Лука 22:19). Кои се некои основни подготовки што треба да се направат за овогодишната Спомен-свеченост што ќе се одржи на 3 април?
За објавителите:
Направете план да учествувате во што е можно поголема мера во акцијата во која ќе ги каниме луѓето на Спомен-свеченоста.
Направете си список со интересенти, роднини, соученици, колеги и други познајници, и поканете ги.
Читајте го и размислувајте за материјалот предвиден за читањето на Библијата за Спомен-свеченоста.
Дојдете на Спомен-свеченоста порано за да ги пречекате луѓето што ќе дојдат.