ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 6/15 стр. 2
  • Учи од поискусните објавители

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Учи од поискусните објавители
  • Нашата служба за Царството 2015
  • Сличен материјал
  • Можеш ли да ги поканиш?
    Нашата служба за Царството 2013
  • Како да ги поучуваме новите да проповедаат
    Нашата служба за Царството 2010
  • Стани повешт во службата — обучувај ги новите објавители
    Нашата служба за Царството 2015
  • Продолжи ревносно да проповедаш
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
Повеќе
Нашата служба за Царството 2015
km 6/15 стр. 2

Учи од поискусните објавители

Навистина ги цениме искусните објавители во собранието. Некои од нив верно му служат на Јехова долги години. Други стекнале поголемо искуство во службата последниве години. Ваквите објавители се сведоци на тоа дека Исус го води христијанското собрание во овие последни денови затоа што гледаат како се шири делото на проповедање и на правење ученици (Мат. 28:19, 20). Кога се соочуваат со проблеми и искушенија, со тоа што ќе излезат во служба добиваат „сила, која ја надминува нормалната“ (2. Кор. 4:7). Можеме многу да учиме од ваквите искусни објавители. Секогаш кога имаат можност, тие со радост им го пренесуваат на другите она што го научиле (Пс. 71:18). Затоа, да се трудиме да учиме од нив. Како можеме да го правиме тоа?

Во службата. За да бидат вешти во службата, на новите или на помалку искусните објавители им е потребна помош. Многу може да им помогне тоа што ќе набљудуваат како духовно зрелите објавители ја вршат службата. (Види ја статијата „Продолжи ревносно да проповедаш“ во Стражарска кула од 15 февруари 2015, третиот пасус под поднасловот „Помагај им на новите објавители“.) Како ти помогнало тоа што си одел во служба со искусни објавители?

Зошто не се договориш да одиш во служба со некој вешт објавител? Ако е болен, би можел понекогаш да одиш кај него дома со својот интересент и таму да проучувате. Кога ќе завршите со проучувањето, замоли го објавителот да ти даде некои совети и предлози.

Дружи се со нив. Одвој време да ги запознаеш искусните објавители. Покани некој од нив на твојата Семејна вечер. Ако е болен, би можел да се договориш Семејната вечер да ја одржите кај него. Во таа прилика, замоли го да ти каже нешто повеќе за себе. Кога ја запознал вистината? Какви благослови имал? Каков напредок видел низ годините? Зошто службата за Јехова му носи радост?

Меѓутоа, биди разумен и имај реалистични очекувања. Сите ние имаме различни дарови во службата (Рим. 12:6-8). Некои од долгогодишните објавители се во поодминати години и можеби затоа не се во состојба да поминуваат повеќе време со нас. Сепак, можеме многу да учиме од нив затоа што тие стекнале големо искуство служејќи му верно на Јехова.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели