Можеш ли да ги поканиш?
Во многу собранија има објавители кои не можат да прават многу во службата поради хронична болест или поради старост (2. Кор. 4:16). Би можел ли да поканиш некој од нив да дојде со тебе на библиска студија? Ако објавителот не е во состојба да излезе од дома, можеби е изводливо студијата да се одржи во неговиот дом. Би можел ли одвреме-навреме да се договориш со некој што има слабо здравје кратко да одите од куќа до куќа или на една до две повторни посети? Многу од постарите објавители имаат големо искуство во службата. Не само што ти ќе ги охрабриш нив туку и тие ќе те охрабрат тебе (Рим. 1:12). Освен тоа, Јехова ќе те награди за трудот што го вложуваш да покажеш љубов на таков начин (Изр. 19:17; 1. Јов. 3:17, 18).