ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ
Извлечи поголема корист од личното проучување
ЗОШТО Е ВАЖНО: Личното проучување на Божјата Реч ни помага во потполност да разбереме што е „ширината и должината и височината и длабочината на вистината“ (Еф 3:18). Тоа ни помага и да останеме беспрекорни и неизвалкани среде овој расипан свет и цврсто да се држиме за „речта на животот“ (Фп 2:15, 16). Кога сами ја проучуваме Божјата Реч, можеме да си избереме материјал што нам лично ни е потребен. Како можеме да извлечеме поголема корист од читањето и проучувањето на Библијата?
КАКО ДА ГО ПРАВИМЕ ТОА:
Подвлекувај стихови и прави си белешки во твојата Библија, сеедно дали на хартија или во електронски формат.
Додека ја читаш Божјата Реч, поставувај си ги следниве прашања: Кој? Што? Кога? Каде? Зошто? Како?
Дознај повеќе информации. Со помош на алатките за истражување кои ти се достапни, пребарувај по тема или по библиски стих.
Размислувај за она што го читаш за да сфатиш како може да ти користи.
Применувај го во секојдневниот живот она што го учиш (Лк 6:47, 48).
ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ ЦВРСТО ДРЖИ СЕ ЗА „РЕЧТА НА ЖИВОТОТ“ — ТЕМЕЛНО ПРОУЧУВАЈ, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:
Што велат некои за личното проучување?
Зошто е важно секогаш кога сакаме да проучуваме првин да се помолиме?
Што може да ни помогне подобро да разбереме некој библиски стих?
Како би можеле да ги обележуваме стиховите во нашиот личен примерок на Библијата?
Зошто е неопходно длабоко да размислуваме кога ја проучуваме Божјата Реч?
Што треба да правиме откако сме научиле нешто?
„Колку го сакам твојот закон! Цел ден размислувам за него“ (Пс 119:97)