ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ЈАКОВ 3-5
Покажувај ја Божјата мудрост
Мудроста од Јехова не е само некое теоретско знаење туку може и да се примени во животот. На пример, таа може да ни помогне да ги решиме несогласувањата со нашите соверници и да бидеме во мир со нив. Ако сме ја стекнале Божјата мудрост, тоа ќе се види од нашето однесување.
Божјата мудрост е:
Чиста
Мирољубива
Разумна
Спремна да послуша
Полна со милосрдие и со добри плодови
Непристрасна
Нелицемерна
ПРАШАЈ СЕ: „Кои од овие обележја на Божјата мудрост ги покажувам во последно време? Во кој поглед би можел да се подобрам?“