ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ
Потруди се да стекнеш целосна слика
Кога ги читаш библиските извештаи, потруди се да стекнеш целосна слика за настаните. Дознај нешто повеќе за луѓето за кои читаш, за тоа кои работи можеби придонеле да постапат на одреден начин и за околностите во тоа време. Обиди се да си го замислиш она што се случувало, да ги слушнеш звуците, да ги почувствуваш мирисите и да си ги доловиш емоциите на библиските личности.
ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ ИЗВЛЕЧИ ПОГОЛЕМА КОРИСТ ОД ЧИТАЊЕТО НА БИБЛИЈАТА — ИЗВАДОК, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:
Од кои можни причини постоела напнатост меѓу Јосиф и неговите браќа?
Зошто браќата на Јосиф можеби реагирале избувливо и непромислено?
Што можеме да откриеме од Библијата за Јаков, татко му на Јосиф?
Која убава поука им ја дал Јаков на своите синови за тоа како да ги решаваат несогласувањата?
Како ти користеше овој видеоклип?