ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ
Слави го Јехова така што ќе служиш како пионер
Израелците имале силни причини да го слават Јехова. Тој ги избавил од египетското ропство и ги спасил од војската на фараонот (2Мо 15:1, 2). Јехова и денес се грижи за својот народ. Како може да му ја покажеме нашата благодарност? (Пс 116:12).
Еден начин е така што ќе бидеме помошни или општи пионери. Можеш да го молиш Јехова да ти даде желба и сила за да служиш како пионер (Фп 2:13). Многумина првин почнуваат со помошна пионерска служба. Ако си помошен пионер во месеците март и април, како и во месецот кога покраинскиот надгледник е во посета на твоето собрание, може да избереш дали ќе поминеш 30 или 50 часа во службата. Откако ќе вкусиш колку радост носи службата како помошен пионер, можеби ќе сакаш да станеш општ пионер. Дури и некои што работат со полно работно време или имаат здравствени проблеми успеваат да бидат општи пионери (mwb16.07 8). Навистина вреди да вложиме труд да го славиме Јехова бидејќи тој го заслужува тоа! (1Ле 16:25).
ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ ТРИ СЕСТРИ ОД МОНГОЛИЈА, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:
Какви тешкотии морале да надминат трите сестри за да станат пионери?
Какви благослови доживеале?
Кои можности во службата за Јехова им се отвориле благодарение на тоа што биле општи пионери?
Како нивниот пример влијаел врз други?