ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mwb20 Септември стр. 8
  • Стани повешт во службата — сведочење преку камера или домофон

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Стани повешт во службата — сведочење преку камера или домофон
  • Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2020)
  • Сличен материјал
  • Стани повешт во службата — сведочи преку домофон
    Нашата служба за Царството 2015
  • Фотографија — од почетокот до денес
    Разбудете се! 2006
  • Бонтон на врата
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2017)
  • Помогни му на станарот да расудува
    Нашата служба за Царството 2011
Повеќе
Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2020)
mwb20 Септември стр. 8
Еден брат и една сестра нудат трактат додека сведочат преку камера.

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Стани повешт во службата — сведочење преку камера или домофон

ЗОШТО Е ВАЖНО: Поради напредокот на технологијата и порастот на криминалот, сѐ повеќе луѓе во своите домови поставуваат сигурносни камери и домофони. Можеби имаме трема кога треба да му сведочиме на некој што нас нѐ гледа, но ние не го гледаме. Следниве работи ќе ни помогнат да имаме поголема самодоверба кога сведочиме преку камера или домофон.

КАКО ДА ГО ПРАВИМЕ ТОА:

  • Имај позитивен став. Многу станари кои имаат камера или домофон се спремни да разговараат со нас.

  • Имај на ум дека некои камери почнуваат да те снимаат пред да заѕвониш, и дека станарот можеби те гледа и те слуша уште пред да се приближиш до вратата.

  • Кога станарот ќе одговори, зборувај пред домофонот или камерата како да зборуваш лице в лице со него. Биди природен и насмевнувај се. Кажи ги истите работи што си планирал да му ги кажеш доколку ја отворел вратата. Ако има камера, не го приближувај лицето премногу блиску до неа. Ако станарот не одговори, не оставај гласовна порака доколку има таква опција на домофонот.

  • Имај на ум дека, откако ќе заврши разговорот, станарот можеби сѐ уште те гледа или те слуша.

ПРЕДЛОГ

Истиот брат ја вежба својата презентација за служба и се снима со својот мобилен телефон.

Вежбај така што ќе зборуваш и ќе се снимаш со камерата на твојот телефон, а потоа гледај ја снимката за да видиш како изгледаш.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели