Стани повешт во службата — сведочи преку домофон
Зошто е важно: Не е едноставно да се сведочи преку домофон. Што можеме да направиме за овој предизвик да не нѐ спречи ревносно да правиме добри дела? Имај на ум дека единствениот начин да им ја пренесеме добрата вест на некои луѓе можеби е токму преку домофон (Рим. 10:14). Искуствата покажуваат дека на овој начин може да се даде многу добро сведоштво. (Види во Годишник 2011, страници 65, 66 [срп.] и во Стражарска кула од 15 октомври 1995, страница 15.) Размисли за следниве предлози.
Предлог за месецот:
За време на Семејната вечер посветена на Јехова вежбајте сведочење по домофон така што ќе бидете свртени со грб еден со друг.