ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 3. МОЈСЕЕВА 12-13
Да учиме од законите за лепра
Што учиме од начелата што стојат зад законите за лепра во врска со тоа како да си го зачуваме пријателството со Јехова?
Јехова ги поучил свештениците како брзо да препознаат лепра. Старешините треба веднаш да им обрнат внимание на оние на кои им е потребна духовна помош (Јк 5:14, 15).
Израелците требало да ги уништат предметите на кои имало лепра за да го спречат нејзиното ширење. И христијаните треба да бидат спремни да се откажат дури и од нешто што многу го сакаат доколку тоа би можело да ги наведе да направат грев (Мт 18:8, 9). Во тоа може да спаѓаат навики, пријатели или забава.
Како може еден христијанин да покаже дека е решен да ја прифати помошта од Јехова?