ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ | ПОСТАВИ СИ ЦЕЛИ ЗА НОВАТА СЛУЖБЕНА ГОДИНА
Служи како пионер
Ние мудро ја користиме нашата сила кога си поставуваме духовни цели (1Ко 9:26). Целите ни помагаат да го искористиме најдобро што можеме времето кое преостанува до крајот на овој свет (Еф 5:15, 16). За време на Семејната вечер, би можеле да си поставите цели за следната службена година. Од помош може да ви биде овој број на работните листови во кој има статии за неколку цели за кои би можеле да размислувате и да се молите (Јк 1:5).
На пример, дали би можеле сите членови на вашето семејство заедно да соработуваат за да може барем еден од вас да служи како општ пионер? Ако не си сигурен дали ќе можеш да ја исполниш потребната квота часови, зборувај со некои пионери кои имаат слични околности како твоите (Из 15:22). Би можеле дури и да поканите некој пионер на вашата Семејна вечер и да го интервјуирате. Потоа, направете неколку можни распореди кои би ти помогнале да ја оствариш таа цел. Доколку порано си служел како пионер, размисли дали околностите ти дозволуваат повторно да го правиш тоа.
Дали некој од твоето семејство би можел да служи како помошен пионер еден или повеќе месеци? Ако немаш многу сила, можеби би можел да ја оствариш таа цел така што секој ден ќе одиш по малку во служба. Ако не можеш да одиш во служба во работните денови затоа што си вработен или одиш на училиште, би можел да избереш месец во кој има некој празник или пет викенди. Запиши си на календар кога сакаш да бидеш помошен пионер и направи си распоред (Из 21:5).
ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ БИДИ ХРАБАР... ПИОНЕР, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:
Што учиме од искуството на сестра Аманд за тоа како Јехова со љубов се грижи за оние што прават жртви за да служат како пионери?