ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mwb22 Септември стр. 13
  • Корисни обележја на книгата „Радувај му се на животот засекогаш“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Корисни обележја на книгата „Радувај му се на животот засекогаш“
  • Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2022)
  • Сличен материјал
  • Поучувај ги интересентите со видеоклипови
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2019)
  • Ново издание за проучување на Стражарска кула
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Дали мудро ги користиш електронските уреди?
    Разбудете се! 2015
  • Изданието за проучување во ново руво!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
Повеќе
Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2022)
mwb22 Септември стр. 13

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Корисни обележја на книгата Радувај му се на животот засекогаш

Кога проучуваме со интересентите, сигурно од голема помош ни се видеоклиповите и прашањата во книгата Радувај му се на животот засекогаш. Истото може да се каже и за рамките „Некои велат“, „Цел“ и „Истражувај“. Но, има и други обележја кои можат да ни помогнат додека водиме библиски курс (Мт 28:19, 20).

Книгата „Радувај му се на животот засекогаш“ во апликацијата „JW Library“. Истакнато е копчето „Мултимедијални содржини за Дел 1“.

Мултимедијални содржини: Ако го водиш курсот со печатено издание, како би можел полесно да ги најдеш сите видеоклипови и други содржини поврзани со лекцијата? Во дигиталното издание, избери еден од четирите главни делови. На долниот дел од страницата, по насловите на лекциите, можеш да избереш „Мултимедијални содржини“ за да ги видиш сите содржини поврзани со тој дел (види слика 1).

Опцијата „Печатено издание“: Ако користиш електронски уред, можеби ќе ти биде од помош одвреме-навреме да ја користиш опцијата „Печатено издание“ во текот на курсот. За да ја избереш оваа опција, додека ти е отворена лекцијата, кликни на трите точки во горниот дел од страницата и избери „Печатено издание“. Овој формат може да ти помогне да имаш подобар преглед на тоа како материјалот кој го разгледувате е поврзан со темата на лекцијата. За да се вратиш на дигиталното издание, повторно кликни на трите точки и избери „Дигитално издание“.

Книгата „Радувај му се на животот засекогаш“ во апликацијата „JW Library“. Истакнати се копчињата за рамката „Дали сум спремен?“ и за „Белешки“.

„Дали сум спремен?“: Овие рамки, кои се наоѓаат при крајот на книгата, ги наведуваат основните услови за некој да почне да проповеда како некрстен објавител и за да се крсти (види слика 2).

Белешки: Белешките даваат дополнителни објаснувања за одредени важни теми. Во дигиталното издание има линк по секоја белешка за да можеш да се вратиш на точката која ја разгледувавте во лекцијата (види слика 2).

Книгата Радувај му се на животот засекогаш треба да се доврши со интересентот, дури и ако во меѓувреме се крсти. Објавителот што го води курсот може и понатаму да ги известува времето, повторните посети и библискиот курс. Ако друг објавител го придружува и учествува во курсот, и тој може да го извести времето.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели