ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w12 15/1 стр. 3
  • Изданието за проучување во ново руво!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Изданието за проучување во ново руво!
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Сличен материјал
  • Ново издание за проучување на Стражарска кула
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Интересни промени во Стражарска кула!
    Нашата служба за Царството 2007
  • Ново поедноставено англиско издание
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • „Нека не ти почива раката“
    Нашата служба за Царството 2012
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
w12 15/1 стр. 3

Изданието за проучување во ново руво!

Од овој број, изданието за проучување ќе има нов изглед. Промените се направени со цел списанието да им биде поубаво и попрактично на сите оние што ги проучуваат скапоцените вистини од Јеховината Реч (Пс. 1:2; 119:97).

Поминаа веќе четири години откако почнаа да излегуваат две изданија на Стражарска кула, едното за пошироката јавност, а другото за нас — Јеховините сведоци и оние со кои ја проучуваме Библијата.

Во врска со изданието за проучување, еден долгогодишен слуга на Јехова напиша: „Кога го прочитав првиот број, бев воодушевен од неговата извонредна содржина. Длабоките духовни мисли ме допреа до срце. Многу ви благодарам за ова ново издание!“ Еден друг брат напиша: „Едвај чекам да се задлабочам во лично проучување на Библијата со помош на ова издание“. Уверени сме дека и ти го мислиш истото.

Како што знаеш, Стражарска кула излегува без престан уште од 1879 год. Тоа беше возможно само благодарение на Јеховиниот дух и благослов (Зах. 4:6). Во текот на овие 133 години, беа направени неколку промени на насловната страница од ова списание. Од 2012 год., на насловната страница од секој број на изданието за проучување ќе има цртеж во боја на кој ќе биде прикажано како нашите браќа и сестри сведочат на разни места по целиот свет. Тоа ќе ни помогне да ја имаме на ум задачата што ни ја дал Бог — темелно да сведочиме за неговото Царство (Дела 28:23). На 2. страница ќе стои фотографијата според која е направен цртежот, и кратко ќе биде објаснето што има на неа и каде се случува тоа. Ова ќе нѐ потсетува сите нас дека Јеховините слуги ја проповедаат добрата вест „по целиот свет“ (Мат. 24:14).

Кои други промени се направени во ова списание? Рамката со прашањата за повторување е ставена на почетокот од секоја статија за проучување. Тоа ќе ти помогне да ги пронајдеш главните мисли додека ја читаш и проучуваш статијата. Се разбира, водителите на Проучувањето на Стражарска кула и понатаму ќе ги користат овие прашања за да го повторат материјалот на крајот од состанокот. Ќе забележиш дека маргините се малку пошироки, а броевите на страниците и на пасусите се поголеми од порано.

Како што е објаснето во овој број, ќе излегува и една нова рубрика со наслов „Од нашата архива“. Во неа ќе бидат изнесени некои значајни поединости од современата историја на Јеховините сведоци. Освен тоа, во делот „Тие спремно се ставиле на располагање“ одвреме-навреме ќе излегуваат вистински животни приказни. Во нив ќе се зборува за радоста, задоволството и среќата што ги чувствуваат браќата и сестрите кои служат онаму каде што има поголема потреба од објавители на Царството.

Искрено ти посакуваме со уживање да ја проучуваш Божјата Реч со помош на ова списание.

Издавачите

[Слика на страница 3]

1879

[Слика на страница 3]

1895

[Слика на страница 3]

1931

[Слика на страница 3]

1950

[Слика на страница 3]

1974

[Слика на страница 3]

2008

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели