ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w20 Февруари стр. 31
  • Дали сте знаеле?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали сте знаеле?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2020
  • Сличен материјал
  • Еден горделив регент ја губи империјата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Четири зборови кои го промениле светот
    Обрни внимание на Даниеловото пророштво!
  • Даниел — книга дадена на суд
    Обрни внимание на Даниеловото пророштво!
  • Книга во која можеш да имаш доверба — трет дел
    Разбудете се! 2011
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2020
w20 Февруари стр. 31
Глинен цилиндар кој го содржи името Валтазар.

Глинен цилиндар кој го содржи името Валтазар

Дали сте знаеле?

Како археолошките докази потврдуваат дека Валтазар постоел и дека бил цар на Вавилон?

СО ГОДИНИ, критичарите на Библијата тврделе дека цар Валтазар, кој се спомнува во библиската книга Даниел, е измислена личност (Дан. 5:1). Тие го застапувале тоа гледиште бидејќи археолозите не успеале да пронајдат докази дека Валтазар навистина постоел. Но, ова се сменило во 1854 год. Како?

Таа година, еден британски конзул по име Џон Тејлор ги истражувал урнатините на древниот град Ур, кои се наоѓаат во јужниот дел на денешен Ирак. Таму, во една голема кула, овој истражувач пронашол неколку глинени цилиндри. Секој од нив бил долг околу 10 сантиметри и содржел натпис со клинесто писмо. На едниот од нив била испишана молитва за долговечност на вавилонскиот цар Набонид и на неговиот најстар син, Валтазар. Дури и критичарите морале да признаат — ова било доказ дека Валтазар сепак постоел.

Меѓутоа, Библијата кажува дека Валтазар не само што постоел туку и дека бил цар. Критичарите не се согласувале и со тоа. На пример, Вилијам Талбот, англиски научник од 19 век, напишал: „Некои тврдат дека Велсарусур [Валтазар] владеел истовремено со својот татко Набонид. Но, за ова нема никакви докази“.

Оваа дилема била разрешена кога од натписите на други глинени цилиндри се открило дека таткото на Валтазар, цар Набонид, понекогаш бил отсутен од престолнината и по неколку години. Што се случувало додека не бил таму? Според една енциклопедија, „кога не бил во својата земја, Набонид му го препуштал престолот на Валтазар и му оставал голем дел од војската“ (Encyclopaedia Britannica). За тоа време, Валтазар владеел во Вавилон наместо својот татко. Затоа, Ален Милерд, археолог и лингвист, вели дека е соодветно што „во книгата Даниел, Валтазар е наречен ’цар‘“.

Се разбира, за Божјите слуги, самата Библија ги содржи најважните докази дека книгата Даниел е веродостојна и вдахновена од Бог (2. Тим. 3:16).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели