ПРЕДЛОГ ЗА ОВОЈ МЕСЕЦ
Извлечи најголема корист од сликите
Нашите публикации изобилуваат со слики кои истакнуваат важни поуки. Како можеш да извлечеш најголема корист од овие визуелни средства?
Разгледај ги сликите пред да ја прочиташ статијата. Тие може да ја разбудат твојата љубопитност и да те мотивираат да ја прочиташ статијата. Тоа е како со едно вкусно јадење — најпрво го „вкусуваш“ со очите. Затоа прашај се: „Што гледам?“ (Амос 7:7, 8).
Додека ја читаш статијата, размисли зошто биле избрани тие слики. Прочитај го текстот покрај сликите или описот на сликите доколку има. Размисли како сликите се поврзани со темата што се разгледува и со тебе лично.
Откако ќе ја прочиташ статијата, користи ги сликите за да ги повториш клучните мисли. А потоа, пробај да се сетиш на сликите и на она што си го научил од нив.
Зошто не се обидеш повторно да ги разгледаш сликите во ова списание и да се сетиш на поуките од нив?