ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mrt статија 117
  • Политичко насилство — што вели Библијата?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Политичко насилство — што вели Библијата?
  • Разно
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Политичките поделби биле претскажани
  • Крај на политичкото насилство
  • Како ќе се воспостави мир на Земјата?
    Одговор на библиски прашања
  • Насилство
    Разбудете се! 2015
  • Траен крај на насилството — како?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Како гледа Бог на насилството?
    Разбудете се! 2002
Повеќе
Разно
mrt статија 117
Една пушка двоцевка насочена кон читателот.

Rui Almeida Fotografia/Moment via Getty Images

БИДЕТЕ БУДНИ!

Политичко насилство — што вели Библијата?

Светот го зафати бран на политичко насилство.

  • Во Мексико, луѓето се шокирани поради рекордниот број на убиства на политички кандидати, дури 39, како и поради другите облици на политичко насилство кои се забележани во пресрет и по изборите во 2023 и 2024.

  • Луѓето во Европа неодамна беа сведоци на голем број случаи на политичко насилство, меѓу кои е и обидот за убиство на премиерот на Словачка на 15 мај 2024.

  • Луѓето во САД се потресени од вториот обид за убиство на поранешниот претседател Доналд Трамп на 15 септември 2024.

Зошто има толку многу политичко насилство? Ќе му дојде ли крај? Што вели Библијата?

Политичките поделби биле претскажани

Библијата претскажала дека во наше време, кое таа го нарекува „последните денови“, многу луѓе ќе имаат ставови кои предизвикуваат насилство и несогласувања.

  • „Во последните денови ќе настанат особено тешки времиња. Зашто, луѓето ќе бидат... неблагодарни, нелојални... неспремни за каков и да било договор... сурови... предавници, своеглави, горди“ (2. Тимотеј 3:1-4).

Библијата исто така прорекла дека во овој временски период ќе има немири, како што се политички демонстрации и бунтувања (Лука 21:9). Но, политичкото насилство и поделбите нема да траат засекогаш.

Крај на политичкото насилство

Библијата објаснува дека Бог ќе ги замени сите човечки влади со својата небесна влада.

  • „Небесниот Бог ќе подигне царство, кое... ќе ги сотре и ќе ги уништи сите други царства, а самото ќе стои довека“ (Даниел 2:44).

Божјето Царство вистински ќе ги обедини луѓето и ќе донесе мир во целиот свет.

  • Владетелот на ова Царство, Исус Христос, е наречен „Кнез на Мирот“ и тој ќе се погрижи на мирот да му нема крај (Исаија 9:6, 7).

  • Уште сега, поданиците на тоа Царство се учат како да живеат во мир со другите. Како резултат на тоа, Библијата вели: „Тие ќе ги прековаат своите мечеви во плугови и своите копја во српови. Народ против народ повеќе нема да крева меч и повеќе нема да учат да војуваат“ (Исаија 2:3, 4).

За да дознаеш нешто повеќе, прочитај ја статијата „Што ќе постигне Божјето Царство?“ и гледај го видеоклипот Што е Божјето Царство?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели