ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • ijwfq статија 19
  • Зошто Јеховините сведоци не слават Велигден?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто Јеховините сведоци не слават Велигден?
  • Најчесто поставувани прашања
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Вообичаени заблуди:
  • Зошто Јеховините сведоци не слават Велигден?
  • Велигден или спомен — што треба да славиш?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Што вели Библијата за Велигден?
    Одговор на библиски прашања
  • Дали Велигден има христијанско потекло?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Верувања и обичаи кои не му се угодни на Бог
    Што бара Бог од нас?
Повеќе
Најчесто поставувани прашања
ijwfq статија 19

Зошто Јеховините сведоци не слават Велигден?

Вообичаени заблуди:

Заблуда: Јеховините сведоци не слават Велигден затоа што не се христијани.

Вистина: Ние веруваме дека Исус Христос е нашиот Спасител и се трудиме да ,одиме по неговите стапки‘ (1. Петрово 2:21; Лука 2:11).

Заблуда: Вие не верувате дека Исус воскреснал.

Вистина: Веруваме дека Исус воскреснал. Всушност, неговото воскресение е суштината на христијанската вера и главна тема за која им проповедаме на другите (1. Коринќаните 15:3, 4, 12-15).

Заблуда: Не им давате на вашите деца да се радуваат на Велигденските празници.

Вистина: Ние ги сакаме нашите деца. Правиме сѐ што можеме за добро да ги воспитаме и да им помогнеме да бидат среќни (Тит 2:4).

Зошто Јеховините сведоци не слават Велигден?

  • Никаде во Библијата не пишува дека треба да се слави Велигден.

  • Исус ни заповедал да ја одбележуваме неговата смрт, а не неговото воскресение. Затоа, според библискиот лунарен календар, секоја година ја одбележуваме неговата смрт (Лука 22:19, 20).

  • Поради тоа што Велигденските обичаи влечат корени од древните обреди на плодноста, уверени сме дека Бог не го одобрува славењето на овој празник. Тој очекува да му бидеме ,оддадени само нему‘ и да не славиме празници што го навредуваат (2. Мојсеева 20:5; 1. Царевите 18:21).

Нашата одлука да не славиме Велигден цврсто се темели на Библијата. Таа нѐ поттикнува да ја користиме нашата ,способност за расудување‘, наместо слепо да ги следиме човечките традиции (Изреки 3:21; Матеј 15:3). Иако ги споделуваме нашите верувања за Велигден со другите луѓе, го почитуваме нивното право сами да одлучат што ќе прават (1. Петрово 3:15).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели