ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • ijwbq статија 101
  • Што е тоа неопростлив грев?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што е тоа неопростлив грев?
  • Одговор на библиски прашања
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што вели Библијата:
  • Постои ли непростлив грев?
    Разбудете се! 2003
  • Јехова простува во голема мера
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Дали си згрешил против светиот дух?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Дали сум го направил неопростливиот грев?
    Разбудете се! 1995
Одговор на библиски прашања
ijwbq статија 101
Судија удира со својот чекан

Што е тоа неопростлив грев?

Што вели Библијата:

Изразот неопростлив грев ги вклучува постапките на оној што греши заедно со неговиот став поради кој Бог не може да му прости. Како може некој да дојде до тој степен?

Бог им простува на оние што се каат за своите гревови, живеат според неговите мерила и покажуваат вера во Исус Христос (Дела 3:19, 20). Но, некој може толку упорно да го прави она што е погрешно, што доаѓа до степен кога воопшто не го менува својот став или однесување. За таквиот човек Библијата вели дека има злобно срце и дека отрпнал поради измамливоста на гревот (Евреите 3:12, 13). Исто како глината што била ставена во печка и веќе никогаш не може да ѝ се смени формата, така и срцето на таквиот човек засекогаш се свртело против Бог (Исаија 45:9). За него нема основа врз која може да му се прости, па затоа е виновен за неопростлив грев (Евреите 10:26, 27).

Некои еврејски верски водачи од времето на Исус направиле неопростлив грев. Тие знаеле дека Исус правел чуда со помош на Божјиот свет дух, но злобно рекле дека моќта му ја дал Сатана Ѓаволот (Марко 3:22, 28-30).

Некои гревови што можат да бидат простени

  • Богохулие од незнаење. Еден период од својот живот апостол Павле бил богохулник, но подоцна рекол: „Ми беше покажано милосрдие, зашто бев во незнаење и го правев тоа додека немав вера“ (1. Тимотеј 1:13).

  • Прељуба. Во Библијата се спомнати некои луѓе што направиле прељуба, но престанале да го прават тоа и Бог им простил (1. Коринќаните 6:9-11).

„Дали јас имам направено неопростлив грев?“

Ако од дното на душата го мразиш своето грешно однесување од минатото и навистина сакаш да се промениш, тогаш немаш направено неопростлив грев. Бог може да ти прости дури и ако повеќе пати згрешиш за една иста работа доколку срцето не ти стврднало до тој степен што повеќе не ти е грижа за Бог (Исаија 1:18).

Некои луѓе мислат дека направиле неопростлив грев затоа што постојано ги измачуваат чувства на вина. Но, Библијата вели дека не треба секогаш да им веруваме на своите чувства (Еремија 17:9). Бог не ни дал право да им судиме на другите — па дури ни на себеси (Римјаните 14:4, 12). Тој може да ни прости иако нашето срце можеби продолжува да нѐ осудува (1. Јованово 3:19, 20).

Дали Јуда Искариот направил неопростлив грев?

Да, направил. Алчноста го натерала да краде од парите што биле за света употреба. Тој дури и се преправал дека се грижи за сиромасите, а вистинската намера му била да украде повеќе пари (Јован 12:4-8). Откако срцето на Јуда дошло до степен од кој немало враќање, го издал Исус за 30 сребреници. Исус знаел дека Јуда никогаш немало вистински да се покае за она што го сторил и затоа го нарекол „синот на пропаста“ (Јован 17:12). Тоа значело дека, откако ќе умрел, за него повеќе немало никаква надеж повторно да биде вратен во живот преку воскресение (Марко 14:21).

Јуда не се покајал искрено за својот грев. Наместо да го признае својот грев пред Бог, тој го признал пред верските водачи со кои сковал завера (Матеј 27:3-5; 2. Коринќаните 7:10).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели