ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • ijwyp статија 73
  • Што ако ме малтретираат на Интернет?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што ако ме малтретираат на Интернет?
  • Младите прашуваат
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што треба да знаеш
  • Што можеш да направиш
  • Што да правам ако ме малтретираат?
    Младите прашуваат
  • Што да правам ако моето дете го малтретираат на училиште?
    Совети за семејствата
  • Што да правам ако ме малтретираат на училиште?
    Младите прашуваат — 10 практични одговори
  • Да му се стави крај на малтретирањето
    Разбудете се! 2003
Повеќе
Младите прашуваат
ijwyp статија 73
Еден дечко е загрижен бидејќи го малтретираат на Интернет

МЛАДИТЕ ПРАШУВААТ

Што ако ме малтретираат на Интернет?

  • Што треба да знаеш

  • Што можеш да направиш

  • Што велат други млади

Што треба да знаеш

Малтретирањето е полесно на Интернет. Така „и добрите деца можат да бидат сурови затоа што никој не знае кои се“, пишува во книгата CyberSafe.

Некои луѓе се посебна мета. На пример, тоа може да бидат некои што се позатворени, поинакви од другите или, пак, со ниска самодоверба.

Малтретирањето на Интернет води до сериозни последици. Може да предизвика чувства на осаменост, депресија, а некои дури и си го одзеле животот.

Што можеш да направиш

Прво, запрашај се: „Дали навистина се работи за малтретирање?“ Понекогаш луѓето ќе кажат нешто што ќе нѐ повреди иако немале таква намера. Кога ќе се случи такво нешто, можеме да го примениме следниов библиски совет:

„Немој брзо да се навредуваш, зашто навредливоста почива во пазувите на безумните“ (Проповедник 7:9).

Од друга страна, ако некој намерно те вознемирува, те понижува или ти се заканува онлајн, тоа е малтретирање.

Ако некој те малтретира на Интернет, запомни: Со твојата реакција можеш или да ги подобриш или да ги влошиш работите. Пробај еден или неколку од следните предлози.

Не реагирај. Библијата вели: „Оној што е воздржан во своите зборови, навистина е мудар, и разборитиот човек има мирен дух“ (Изреки 17:27).

Еве една причина зошто тоа е добар совет: „Главната цел на оние што малтретираат е нивната жртва да се изнервира и да го покаже тоа“, напишала Ненси Вилард во својата книга Cyberbullying and Cyberthreats. „Ако се изнервираш, му дозволуваш на оној што те малтретира да има контрола над твоите емоции.“

Заклучок: Понекогаш, најдобриот одговор е воопшто да не одговориш.

Немој да возвраќаш со иста мера. Библијата вели: „Не враќајте зло за зло, ни навреда за навреда“ (1. Петрово 3:9).

Еве една причина зошто тоа е добар совет: „Лутината е знак за слабост и им дава мотивација уште повеќе да те малтретираат“, пишува во книгата Cyber-Safe Kids, Cyber-Savvy Teens. Ако возвратиш, може да изгледа дека и ти имаш еднаков удел во проблемот како оној што те малтретира.

Заклучок: Не ја влошувај ситуацијата со твојата реакција.

Преземи нешто. Библијата вели: „Не дозволувај да те надвладее злото“ (Римјаните 12:21). Можеш да преземеш нешто за малтретирањето да престане, и тоа без да ја влошиш ситуацијата.

На пример:

  • Блокирај го оној што ти испраќа такви пораки. Во книгата Mean Behind the Screen пишува: „Она што нема да го прочиташ не може ни да те повреди“.

  • Зачувај ги сите докази, дури и ако не ги читаш. Тоа вклучува агресивни пораки, имејлови, постови, гласовни пораки или што и да е друго.

  • Кажи му да престане. Испрати му отсечна порака, но без емоции. На пример:

    • „Повеќе не ми праќај пораки.“

    • „Избриши го тоа што си го објавил.“

    • „Ако не престанеш, ќе преземам други мерки.“

  • Зајакни си ја самодовербата. Концентрирај се на твоите јаки страни, а не на слабостите (2. Коринќаните 11:6). Слично на оние што физички ги малтретираат другите, и оние што малтретираат онлајн бараат жртви кои изгледаат ранливи.

  • Кажи на некој возрасен. Најпрво кажи им на родителите. Освен тоа, за проблемот можеш да ги известиш веб-страницата или операторот што ги користи оној што те малтретира. Ако ситуацијата е посериозна, ти и твоите родители треба да ги известите одговорните во училиштето, да пријавите во полиција или, пак, да побарате правна помош.

Заклучок: Постојат чекори што можеш да ги преземеш за да го прекинеш малтретирањето или барем да го намалиш влијанието што го има врз тебе.

Што велат други млади

Натали

„Ако те малтретираат на Интернет, мора ли да ја користиш баш таа страница? Дали имаш повеќе штета отколку корист? Можеш ли да ја блокираш таа личност? Обично можеш нешто да направиш за да се тргнеш од таа ситуација“ (Натали).

Дариус

„Ако те малтретираат на Интернет, кажи на некој возрасен. Немој да се плашиш дека ќе те сметаат за слабич или мало дете. Ти не си таков — потребна е храброст за да се зборува за таков проблем“ (Дариус).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели