ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g03 8/12 стр. 8-11
  • Да му се стави крај на малтретирањето

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Да му се стави крај на малтретирањето
  • Разбудете се! 2003
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Помош да не се малтретира
  • Помош за жртвите
  • Родители — заштитете ги своите деца
  • Крај на малтретирањето
  • Малтретирање — некои причини и последици
    Разбудете се! 2003
  • Што да правам ако ме малтретираат?
    Младите прашуваат
  • Што да правам ако ме малтретираат на училиште?
    Младите прашуваат — 10 практични одговори
  • Малтретирање — глобален проблем
    Разбудете се! 2003
Повеќе
Разбудете се! 2003
g03 8/12 стр. 8-11

Да му се стави крај на малтретирањето

‚Малтретирањето се учи, а сѐ што ќе се научи, може и да се одучи‘ (д-р Сали Марфи).

И НА оној што малтретира и на неговата жртва им е потребна помош. Оној што малтретира треба да научи како да комуницира со другите без да ја злоупотребува својата моќ. А жртвата, пак, треба да знае некои практични начини како да се справи со проблемот.

Честопати оној што малтретира не знае како да комуницира со другите и не ги сфаќа чувствата на оние што ги заплашува. Тој треба внимателно да се набљудува и да се поучи исправно да комуницира. Книгата Take Action Against Bullying (Сторете нешто против малтретирањето) вели: „Ако не научат и не прифатат нови начини на однесување, оние што малтретираат ќе продолжат да го прават тоа во текот на целиот свој живот. Тие ги малтретираат своите партнери, своите деца, а можеби дури и оние што им се потчинети на работното место“.

Помош да не се малтретира

Ако уште рано во животот децата се воспитуваат да бидат сочувствителни, ќе се спречи еден ден да почнат да ги малтретираат другите. Педагозите во некои земји спроведуваат еден нов начин на образование наречен учење на сочувство. Целта е да се научат учениците уште од својата петта година да ги разберат чувствата на другите и љубезно да постапуваат со луѓето. Иако сѐ уште нема многу статистички податоци за долгорочниот ефект од ваквото воспитание, првите резултати покажуваат дека оние што го добиле се помалку агресивни од оние што не го добиле.

Како родител, не треба потполно да го препуштите ваквото воспитување на некоја школска програма. Ако не сакате детето еден ден да почне да малтретира, треба да го поучите со зборови и со пример како да се однесува со другите со почит и со достоинство. Што може да Ви помогне во тоа? Веројатно во врска со ова Ви е лесно достапен еден одличен но недоволно ценет извор на поука — Божјата реч, Библијата. Како може да помогне таа?

Како прво, таа јасно поучува како гледа Бог на малтретирањето. Тој го презира! Библијата вели за Бог: „Душата Негова го мрази оној што го љуби насилството“ (Псалм 11:5, NW). Освен тоа, Бог не е слеп за она што се случува. Во Библијата се запишани неговите чувства на жалење, односно тага, кога Израелците страдале ‚под јаремот на оние кои ги угнетувале‘ (Судии 2:18). Во многу прилики Бог ги казнувал оние што ја злоупотребувале својата моќ и ги малтретирале слабите и беспомошните (Излез 22:22—24).

Библијата содржи и нешто што би можело да се нарече најпознат совет што некогаш бил даден во врска со тоа како да се покажува сочувство. Исус навел: „Сѐ што сакате луѓето да ви прават вам, истото правете им го и вие“ (Матеј 7:12). Не е лесно да се поучат децата да го прифатат тоа Златно правило — да го сакаат и да живеат според него; за тоа е потребен добар пример, упорност и напорна работа, особено затоа што малите деца по природа се себични. Но, вреди да се вложи напор. Ако Вашите деца научат да бидат љубезни и сочувствителни, ќе им биде одбивна и самата помисла да малтретираат некого.

Помош за жртвите

Жртвите на малтретирањето, особено младите, се соочуваат со еден тежок предизвик — да останат урамнотежени кога се под притисок. Кога некој те малтретира, тој веројатно сака да те исфрли од емоционална рамнотежа. Се надева дека многу ќе се налутиш или ќе се исплашиш. Ако се разгневиш или заплачеш и со тоа покажеш дека си повреден или дека се плашиш, оној што те малтретира го постигнал она што го сакал. Затоа, можеби постојано ќе се обидува да ја предизвика истата реакција кај тебе.

Што можеш да сториш? Разгледај ги следниве предлози. Тие се напишани првенствено имајќи ги на ум младите, но начелата можат да важат и за возрасните што се жртви на малтретирање.

◼ Остани смирен. Не разбеснувај се. Библијата мудро советува: „Стивни го својот гнев и остави ја лутината“ (Псалм 37:8). Кога ќе се изнервираш, дозволуваш да те контролира оној што те малтретира и веројатно ќе направиш нешто за што ќе зажалиш (Пословици 25:28).

◼ Потруди се да не мислиш на одмазда. Одмаздата честопати има сосема спротивен ефект. Во ниеден случај одмаздата не донесува вистинско задоволство. Една девојка, што ја претепале пет други девојки кога имала 16 години, си спомнува: „Во срцето одлучив: ‚Ќе им вратам мило за драго‘. Побарав помош од пријателките и им се одмаздив на две од девојките што ме нападнаа“. Со каков резултат? „Почувствував празнина“, вели таа. Потоа и таа почнала да се однесува уште полошо. Сети се на мудрите зборови од Библијата: „Никому не враќајте зло за зло“ (Римјаните 12:17).

◼ Кога се чини дека ситуацијата „се вжештува“, брзо тргни се. Библијата вели: „Пред да избувне караница оддалечи се“ (Пословици 17:14). Главно, обиди се да се држиш настрана од оние што имаат склоност да малтретираат. Во Пословици 22:3 стои: „Претпазливиот го предвидува злото и се скрива, а неразумните одат напред, и претрпуваат казна“.

◼ Ако малтретирањето не престанува, можеби ќе треба да зборуваш отворено. Одбери момент кога си смирен, гледај го в очи оној што те малтретира и зборувај со цврст, смирен глас. Кажи му дека не ти се допаѓа она што го прави — дека тоа воопшто не е смешно и дека те повредува. Не служи се со навреди или со провокации (Пословици 15:1).

◼ Разговарај за тоа со некој одговорен, грижлив возрасен. Изнеси го конкретниот проблем и побарај помош за да го решите. Истото стори го и во своите молитви до Бог. И тоа може да биде прекрасен извор на помош и утеха (1. Солуњаните 5:17).

◼ Не заборавај дека вредиш како личност. Оној што те малтретира можеби сака да мислиш дека не вредиш ништо, дека заслужуваш лошо да се постапува со тебе. Но, тој не ти е судија. Бог е судија, и тој го бара доброто кај секого од нас. Всушност, на оној што малтретира му се намалува вредноста затоа што се однесува така.

Родители — заштитете ги своите деца

И родителите можат да започнат рано да ги подготвуваат своите деца мудро да се постават кон оние што ги малтретираат. На пример, додека си играат со своите деца тие можат да претстават такви реални ситуации за да прикажат како да се покаже самодоверба.

Дури и држењето на телото — тоа што ќе стоиш исправено — може да пренесе порака што ќе одврати некои од оние што малтретираат. Од помош може да ти биде и да го гледаш другиот право в очи, да ти бидат опуштени рацете и да зборуваш цврсто и сталожено. Родителите се поттикнати да го поучат детето да си замине, да ги избегнува оние што малтретираат и да замоли за помош некој доверлив возрасен, како што е наставникот.

Семејното воспитување е првиот чекор што води до искоренување на малтретирањето. Родителите што им стојат на располагање на своите деца, кои стрпливо и сочувствително слушаат за она што ги мачи, им влеваат на децата чувство дека се сакани и дека ја имаат нивната поддршка. Многу советници на полето на родителството и проблемите со врсниците ги поттикнуваат родителите да изградат кај своите деца позитивно гледиште за себеси. Ако имаат такво здраво гледиште нема да бидат толку привлечна мета за оние што малтретираат.

Но, потребно е нешто повеќе отколку само зборување. Секој член на семејството треба да научи да се однесува кон другите со почит и со достоинство и да негува сочувство. Затоа, не дозволувајте во семејството да има никакво малтретирање. Вашиот дом нека биде безбедно засолниште каде што владеат почит и љубов.

Крај на малтретирањето

„Човек владее над човек за негова несреќа“ (Проповедник 8:9). На овој начин Библијата дава резиме на човечката историја. Всушност, малтретирањето го измачува човештвото веќе илјадници години. Еден библиски писател рекол: „Пак почнав да ги набљудувам сите насилства што се прават под сонцето, и ете, солзи на угнетуваните, и никој нема да ги избрише; и насилствата на угнетувачката рака, а утешител нема за нив“ (Проповедник 4:1).

Меѓутоа, Бог сигурно го гледа секое малтретирање во светот и сочувствува со оние што се угнетувани. Но, дали некогаш ќе стори нешто во врска со тоа? Да, ќе стори! Забележете го неговото ветување што се наоѓа во Михеј 4:4: „Секој ќе седи мирно под виновата лоза, и под својата смоква, и никој не ќе го плаши. Тоа го рече устата на Господ над Војските“.

Замислете само каков ќе биде светот кога ќе се исполни ова ветување. Нема да има никој што ќе ги заплашува другите — нема да има кој да малтретира! Зарем ова не звучи привлечно? Но, Бог сторил нешто повеќе освен што ветил таква иднина. Токму сега низ целиот свет е во тек една многу ефикасна програма на библиско образование. Таа дава позитивни резултати. Оние што учествуваат во неа се поучени да ги променат своите агресивни карактерни црти, да задржат меѓусебен мир и да постапуваат со другите со почит и со достоинство (Ефешаните 4:22—24). Наскоро резултатите од оваа извонредна поука ќе се прошират низ целата земја и повеќе нема да има малтретирање. Божјите ветувања запишани во Библијата ќе станат реалност. Секој што ќе живее тогаш ќе ужива во еден свет во кој нема да има луѓе што малтретираат!

[Слика на страница 8]

Не е срамота да се оддалечиш од оној што малтретира

[Слика на страница 9]

Во здрава семејна атмосфера, децата се поучени да се справат со сите облици на малтретирање

[Слики на страница 10]

Поучете ги своите деца да зборуваат отворено и цврсто, но тактично

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели