ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • ypq прашање 5 стр. 15-17
  • Што да правам ако ме малтретираат на училиште?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што да правам ако ме малтретираат на училиште?
  • Младите прашуваат — 10 практични одговори
  • Сличен материјал
  • Што да правам ако ме малтретираат?
    Младите прашуваат
  • Да му се стави крај на малтретирањето
    Разбудете се! 2003
  • Малтретирање — некои причини и последици
    Разбудете се! 2003
  • Малтретирање — глобален проблем
    Разбудете се! 2003
Повеќе
Младите прашуваат — 10 практични одговори
ypq прашање 5 стр. 15-17
Момче е малтретирано од друго момче пред соучениците

ПРАШАЊЕ 5

Што да правам ако ме малтретираат на училиште?

ЗОШТО Е ВАЖНО ДА ГО ЗНАЕШ ТОА

Начинот на кој реагираш може да ги смени работите на подобро или на полошо.

ШТО БИ НАПРАВИЛ ТИ?

Замисли си ја следнава ситуација: На Петар повеќе не му се оди на училиште. Сѐ започна пред три месеци кога неговите соученици пуштија лоши муабети за него. Потоа почнаа да му измислуваат различни прекари. Понекогаш, се случуваше некој да му ги турне книгите од рацете и да се преправа дека било случајно. Другпат, зад него ќе се собереше цела група и еден од групата ќе го турнеше, а кога Петар ќе се свртеше, не знаеше кој го турнал. Вчера, работите уште повеќе се влошија. Петар доби закана преку Интернет...

Што би направил ти да беше на местото на Петар?

ЗАСТАНИ И РАЗМИСЛИ!

Можеби на прв поглед ти се чини дека не можеш да направиш ништо. Но, всушност, можеш да ги победиш насилниците без тупаници. Како?

  • НЕ ПАЃАЈ НА ПРОВОКАЦИЈА. Библијата вели: „Безумникот го излева сиот свој гнев, а оној што е мудар, останува мирен до крајот“ (Изреки 29:11). Ако останеш колку што е можно посмирен, барем однадвор, оние што те малтретираат можеби ќе те остават на мира.

  • НЕ ВРАЌАЈ МИЛО ЗА ДРАГО. Во Библијата пишува: „Никому не враќајте зло за зло“ (Римјаните 12:17). Ако гледаш да се одмаздиш, тоа само ќе ги влоши работите.

  • БИДИ ПРЕТПАЗЛИВ. Библијата вели: „Паметниот човек го гледа злото и се трга“ (Изреки 22:3). Колку што можеш избегнувај ги оние што прават проблеми и ситуациите во кои би можел да станеш нивна жртва.

  • ИЗНЕНАДИ ГИ СО ТВОЈАТА РЕАКЦИЈА. Во Библијата стои: „Благиот одговор го смирува гневот“ (Изреки 15:1). Би можел дури да ја свртиш работата на шега. На пример, ако некој те задева заради твојата тежина, можеш да се пошегуваш и да речеш: „Од вишок глава не боли“ или „Абе блузата ми се смалила со перење“.

  • ЗАМИНИ СИ. „Со тоа што ќе си заминеш без збор, ќе покажеш дека си зрел и посилен од оној што те малтретира“, вели Нора (19). „Така ќе покажеш дека имаш нешто што насилникот го нема — самоконтрола“ (2. Тимотеј 2:24).

  • СТЕКНИ ПОГОЛЕМА САМОДОВЕРБА. Насилниците обично можат да забележат кој има ниска самодоверба и кој најверојатно нема да им возврати. Од друга страна, повеќето насилници ќе се повлечат ако видат дека не се плашиш од нив и дека не им дозволуваш да те малтретираат.

  • КАЖИ НЕКОМУ. Една поранешна наставничка вели: „Им препорачувам на сите што се соочуваат со ваков проблем да не молчат туку отворено да кажат што им се случува. Со тоа можат да спречат некој друг да биде малтретиран“.

Момче покажува самодоверба додека се соочува со насилник

Самодовербата ќе ти ја даде силата што насилникот ја нема

ДАЛИ СИ ЗНАЕЛ?

Малтретирањето меѓу младите не вклучува само физичко насилство. Тоа може да вклучува и:

  • Од устата на насилникот излегуваат зборови како оган

    Вербално малтретирање. „Никогаш нема да заборавам како ме нарекуваа и што сѐ ми зборуваа. Поради нив се чувствував безвредна, отфрлена и неспособна. Полесно ќе ми беше да ме тепаа“ (Селин, 20).

  • Момче седи само затоа што неговите врсници го избегнуваат

    Отфрлање од друштвото. „Другарките во школо почнаа да ме избегнуваат. За време на големиот одмор се правеа дека нема место до нив на масата на која јадеа. Цела учебна година јадев сама и плачев“ (Хејли, 18).

  • Девојка се трга од компјутерот затоа што е жртва на сајбер малтретирање

    Сајбер малтретирање. „Со само неколку кликнувања на тастатурата можеш некому да му го уништиш угледот, па дури и животот. Можеби звучи претерано, ама вистина е!“ (Даниел, 14).

КВИЗ

ТОЧНО ИЛИ НЕТОЧНО

ОДГОВОРИ

1. Меѓу луѓето имало насилници уште многу одамна.

1. Точно. Во Библијата се зборува за нефилите, чие име значи „оние што ги соборуваат другите“ (1. Мојсеева 6:4, фус.).

2. Малтретирањето е само обично задевање. Тоа воопшто не е страшно.

2. Неточно. Голем број млади што биле малтретирани извршиле самоубиство.

3. Најдобар начин да се одбраниш од насилниците е да им вратиш со иста мера.

3. Неточно. Насилниците обично се физички посилни од своите жртви, па затоа залудно е да се обидуваш да им се одмаздиш.

4. Ако видиш дека некој е малтретиран, најдобро не се мешај.

4. Неточно. Ако видиш дека некој е малтретиран и никому не кажеш за тоа, и ти стануваш соучесник и сносиш дел од одговорноста.

5. Насилниците сакаат да се прават важни и да се фалат, но повеќето од нив всушност се несигурни во себе.

5. Точно. Иако некои насилници имаат превисоко мислење за себе, повеќето се несигурни во себе и ги понижуваат другите само за да си ја зголемат самодовербата.

6. Насилниците можат да се сменат.

6. Точно. Ако некој им помогне, насилниците можат да го сменат својот став и однесување.

МОЈ ПЛАН

  • Што ќе направам или кажам ако некој почне да ме малтретира?

ДОЗНАЈ НЕШТО ПОВЕЌЕ!

Победи ги насилниците без тупаници

Гледај ја поучната анимација Победи ги насилниците без тупаници на www.jw.org/mk. (Кликни на БИБЛИСКИ УЧЕЊА > ТИНЕЈЏЕРИ.)

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели