ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • ijwwd статија 4
  • Чудесната кожа на белогрлестиот делфин

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Чудесната кожа на белогрлестиот делфин
  • Случајно или создадено?
  • Сличен материјал
  • Огромните чудовишта од морските длабочини
    Разбудете се! 2009
  • Дојдоа китовите!
    Разбудете се! 2015
  • Перките на грбавиот кит
    Разбудете се! 2013
  • „Китимските бродови“ пловат по морињата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
Случајно или создадено?
ijwwd статија 4
Белогрлест делфин

СЛУЧАЈНО ИЛИ СОЗДАДЕНО?

Чудесната кожа на белогрлестиот делфин

Некои видови морски организми кои се прилепуваат за трупот на бродовите претставуваат голем проблем за нивните сопственици. Поради тоа, бродовите се движат побавно, трошат повеќе гориво и мора да се вадат од морето на секои 2-3 години за да се исчистат. За овој проблем, научниците се обидуваат да најдат решение во природата.

Размисли: Истражувањата покажуваат дека кожата на долгоперкастиот белогрлест делфин (Globicephala melas) има способност сама да се чисти. Таа е прекриена со ситни испакнатини кои се толку мали што ларвите на некои морски организми не можат добро да се прицврстат за неа. Просторот меѓу овие испакнатини е исполнет со гел кој ги умртвува алгите и бактериите. Кога ја менува кожата, овој делфин лачи нов гел.

Научниците сакаат да го применат овој систем на труповите на бродовите. Во минатото биле користени бои кои спречувале да се налепат морски организми на бродот. Меѓутоа, таквите бои неодамна беа забранети затоа што се отровни за подводниот свет. Научниците дошле на идеја да го покријат целиот труп со посебна метална мрежа, која ќе биде поставена над низи од ситни отвори од кои ќе се испушта хемикалија што не е штетна за морскиот свет. Кога ќе дојде во допир со водата, таа хемикалија ќе се стврдне во вискозен гел, и со тоа ќе се формира слој кој ќе го прекрива целиот труп на бродот. Со текот на времето, оваа „кожа“ со дебелина од 0,7 милиметри ќе отпадне, и на тој начин ќе ги отстрани сите организми што сепак успеале да се залепат. А потоа ќе се испушти нов слој на гел кој повторно ќе го прекрие трупот.

Морски организми налепени на трупот на еден брод

Морските организми кои се лепат на трупот ги забавуваат бродовите и тешко се отстрануваат

Лабораториските анализи покажуваат дека со овој систем може да се намали собирањето на морски организми на бродските трупови дури за 100 пати. Тоа би било од огромна корист за бродските компании, бидејќи е многу скапо да се извадат бродовите на суво за да се исчистат.

Што мислиш? Дали кожата на белогрлестиот делфин, која може сама да се чисти, настанала по пат на еволуција или е дело на мудар Творец?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели