ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w98 1/9 стр. 24-28
  • Научив да се ослонувам на Јехова

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Научив да се ослонувам на Јехова
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Почеток на суровите испити
  • Прашањето на компромис
  • Прогонството се зголемува
  • Преселба на исток — потоа бегство
  • Слобода, но понатаму трагедија
  • Најпосле слобода
  • Верата ставена на испит во Словачка
    Разбудете се! 2003
  • Од политички активист до неутрален христијанин
    Разбудете се! 2002
  • И покрај искушенијата, мојата надеж остана светла
    Разбудете се! 2002
  • Цврсто застанавме на страната на Божјето владетелство
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
w98 1/9 стр. 24-28

Научив да се ослонувам на Јехова

РАСКАЖАЛ ЈАН КОРПА-ОНДО

Беше тоа 1942. Мене ме чуваа унгарски војници близу Курск (Русија). Бевме затвореници на Силите на оската кои се бореа со Русите во текот на II светска војна. Гробот ми беше ископан и ми беа дадени десет минути за да потпишам еден документ кој кажуваше дека повеќе не сум Јеховин сведок. Пред да раскажам што се случи после тоа, дозволете ми да кажам како се најдов таму.

РОДЕН сум 1904 во малото село Захор, кое сега лежи во источна Словачка. После I светска војна, Захор стана дел од новоформираната држава Чехословачка. Нашето село се состоеше од околу 200 домови и две цркви — едната грчко-католичка, а другата калвинистичка.

Иако одев во калвинистичката црква, водев живот без некакво морално ограничување. Недалеку од мене живееше еден човек кој беше сосема поинаков. Еден ден тој започна разговор со мене и ми позајми Библија. Тогаш за првпат ја држев таа книга в раце. Отприлика тоа време, во 1926, се оженив со Барбора, и наскоро имавме две деца — Барбора и Јан.

Започнав да ја читам Библијата, но во неа имаше многу работи кои не ги разбирав. Затоа, отидов кај мојот пастор и го замолив да ми помогне. „Библијата е само за образованите луѓе“, рече тој, „не се ни обидувај да ја разбереш.“ Тогаш, ме покани на една партија карти.

После тоа отидов кај човекот кој ми ја позајми Библијата. Тој беше Библиски студент, како што тогаш се нарекуваа Јеховините сведоци. Нему му беше драго да ми помогне. После некое време почнаа да ми се отвораат очите. Прекинав со прекумерното пиење и започнав да водам морален живот; па дури и да им кажувам на другите за Јехова. Библиската вистина почна да зема замав во Захор во раните 1920-ти и наскоро беше основана една активна група Библиски студенти.

Сепак, таму имаше силно религиозно противење. Локалниот свештеник го сврте поголемиот дел од моето семејство против мене, тврдејќи дека сум полудел. Но, мојот живот почна да има смисла, и цврсто решив да му служам на вистинскиот Бог Јехова. Така, во 1930 го симболизирав моето предание на Јехова и се крстив.

Почеток на суровите испити

Во 1938 нашиот регион се најде под власта на Унгарија, која во текот на II светска војна се здружи со Германија. Дотогаш во нашето село, кое броеше помалку од илјада луѓе, имавме околу 50 Сведоци. Продолживме да проповедаме иако со тоа ги изложувавме на опасност животот и слободата.

Во 1940 бев регрутиран во унгарската војска. Што ќе правам? Па, ги имав прочитано библиските пророштва за луѓето кои ќе ги прековаат своите оружја за војување во орудија на мир и знаев дека, со текот на времето, Бог ќе ги отстрани сите војни од Земјата (Псалм 45:9; Исаија 2:4). Така, ја замразив војната и решив да не ѝ се придружувам на војската, без оглед на последиците.

Бев осуден на 14 месеци затвор и казната ја одлежав во Печуј (Унгарија). Во истиот затвор беа уште пет други Сведоци, и го ценевме тоа што можевме да се дружиме. Меѓутоа, извесно време бев во самица со синџири на нозете. Кога одбивме да ја извршиме работата поврзана со воените сили, нѐ истепаа. Исто така, бевме присилени цел ден да стоиме во став мирно, со исклучок на два часа на пладне. Ова тешко искушение продолжи со месеци. Сепак, бевме среќни бидејќи имавме чиста совест пред нашиот Бог.

Прашањето на компромис

Еден ден, дојде една група од 15 католички свештеници за да се обиде да нѐ убеди дека е важно да ги поддржиме воените напори со тоа што ќе ѝ се придружиме на војската. Во текот на дискусијата им рековме: „Ако можете од Библијата да ни докажете дека душата е бесмртна и дека ако умреме во војната ќе одиме на небото, тогаш ќе ѝ се придружиме на војската“. Секако, не можеа да го докажат тоа и не сакаа да ја продолжат дискусијата.

Во 1941, мојата затворска казна заврши и со нетрпение очекував повторно да му се придружам на семејството. Наместо тоа, во синџири бев одведен во една воена база во Сароспатак (Унгарија). Кога пристигнавме, ми беше дадена прилика да се ослободам. „Сѐ што треба да сториш“, ми рекоа, „е да го потпишеш ова ветување дека ќе платиш 200 пенги кога ќе се вратиш дома.“

„Како е возможно тоа?“ прашав. „За што ви требаат парите?“

„Во замена за парите“, ми беше речено, „ќе добиеш уверение дека на медицинскиот преглед те нашле неспособен за војска.“

Тоа ме стави пред тешка одлука. Повеќе од една година поднесував нечовечки третман; бев веќе уморен од сето тоа. Сега, ако се сложев да ги платам тие пари, ќе можев да се ослободам. „Ќе размислам за тоа“, промрморев.

Каква одлука ќе донесам? Имав сопруга и деца за кои требаше да мислам. Па, отприлика во тоа време добив писмо од еден сохристијанин во кое тој ми даде охрабрување. Го наведе Евреите 10:38 каде што апостол Павле ги цитира Јеховините зборови: „Праведниот преку верата ќе биде жив“ и „ако отстапи, нема да Ми биде по волјата Моја“. Кратко после тоа, двајца унгарски офицери од касарната разговараа со мене, и едниот прокоментира: „Ти не знаеш колку те почитуваме заради тоа што толку цврсто ги поддржуваш библиските начела! Не се откажувај!“

Следниот ден отидов кај оние кои ми понудија слобода за 200 пенги и им реков: „Со оглед на тоа што Јехова Бог дозволил да бидам затворен, тој ќе се погрижи и да бидам ослободен. Нема да се откупувам“. Така, бев осуден на десетгодишен затвор. Но, тоа не беше крај на обидите да ме наведат на компромис. Судот понуди да ме помилува доколку се сложам да служам во војската само два месеца, па дури и да не морам да носам оружје! Ја одбив и таа понуда, и така мојата затворска казна започна.

Прогонството се зголемува

Повторно бев одведен во затворот во Печуј. Овојпат тортурата беше уште посурова. Рацете ми беа врзани зад грбот и висев на нив околу два часа. Како последица на тоа, ми се исчашија двете раменици. Ваквата тортура беше повторувана во период од околу шест месеци. Можам да му се заблагодарам само на Јехова што не се откажав.

Во 1942, една група од политички затвореници, Евреи и 26 Јеховини сведоци бевме одведени во градот Курск во едно подрачје окупирано од германските трупи. Нѐ предадоа на Германците кои, пак, им даваа на затворениците работа да носат храна, оружје и облека на војниците на фронтот. Ние Сведоците ја одбивме таа работа бидејќи ја повредуваше нашата христијанска неутралност. Како резултат на тоа, нѐ вратија кај Унгарците.

На крај, нѐ ставија во локалниот затвор во Курск. Неколку дена нѐ тепаа со гумени палки трипати дневно. Јас добив еден удар во слепоочницата и се срушив на коленици. Додека ме тепаа, си помислив: ‚Умирањето не е толку тешко‘. Целото тело ми се вкочани, па затоа не можев да чувствувам ништо. Три дена не ни дадоа апсолутно ништо за јадење. Потоа нѐ одведоа на суд, и шестмина беа осудени на смрт. Кога казната беше извршена, останавме 20-мина.

Испитите на верата кои ги доживеав во текот на тие денови во Курск, во октомври 1942, беа најголемите со кои се имам соочено. Нашите чувства добро ги изразил царот Јосафат од дамнина кога неговиот народ се соочил со ситуација во која немал веројатни изгледи за успех: „Ние немаме сила против тоа големо множество, што нѐ нападнало и не знаеме, што да правиме; но очите ни се кон Тебе“ (2. Летописи 20:12).

Ние дваесетмината, чувани од 18 унгарски војници, бевме одведени да си го ископаме заедничкиот гроб. Кога завршивме со копањето, ни рекоа дека имаме десет минути да потпишеме еден документ, кој делумно гласеше: „Учењето на Јеховините сведоци е погрешно. Повеќе нема да верувам во него ниту, пак, ќе го поддржувам. Ќе се борам за унгарската татковина . . . Со мојот потпис потврдувам дека ѝ се придружувам на Римокатоличката црква“.

После десет минути дојде наредбата: „Надесно! Марш кон гробот!“ А потоа, заповедта: „Првиот и третиот затвореник да влезат во дупката!“ На овие двајца им беа дадени уште десет минути за да се одлучат да го потпишат документот. Еден од војниците ги молеше: „Откажете се од вашата вера и излезете од гробот!“ Никој не проговори ни збор. Потоа, одговорниот офицер ги застрела обајцата.

„А што со останатите?“ еден војник го праша одговорниот офицер.

„Врзи ги“, одговори тој. „Ќе ги мачиме уште малку и во шест часот наутро ќе ги стреламе.“

Одеднаш се уплашив, не од тоа дека ќе умрам, туку да не не можам да ја издржам тортурата и да не направам компромис. Затоа, истапив напред и реков: „Господине, ние се огрешивме во истото како и нашите браќа кои штотуку ги стрелавте. Зошто не нѐ стрелате и нас?“

Но, не нѐ стрелаа. Ни ги врзаа рацете зад грб. Потоа, нѐ обесија на нив. Кога ќе ја изгубевме свеста, ни фрлаа вода. Болката беше ужасна бидејќи тежината на телото ни ги исчашуваше рамениците. Оваа тортура продолжи отприлика три часа. Потоа, неочекувано дојде наредба повеќе да не стрелаат Јеховини сведоци.

Преселба на исток — потоа бегство

После три седмици, марширавме неколку дена во строј сѐ додека не стигнавме до бреговите на реката Дон. Одговорните ни рекоа дека нема да се вратиме живи. Во текот на денот ни даваа бесмислена работа — да копаме ровови, а потоа да ги наполниме. Навечер имавме некаква слобода да се шетаме горе-долу.

Како што јас ја гледав ситуацијата, постоеја две можности. Можевме да умреме токму таму или, пак, можевме да избегаме од Германците и да им се предадеме на Русите. Само тројца решивме да пробаме да избегаме преку замрзнатата река Дон. На 12 декември 1942, му се помоливме на Јехова и заминавме. Стигнавме до рускиот фронт и веднаш бевме ставени во еден заробенички логор со околу 35.000 заробеници. До пролетта, само околу 2.300 сѐ уште бевме живи. Останатите умреа од изгладнетост.

Слобода, но понатаму трагедија

Остатокот од војната — вклучувајќи и неколку месеци откако таа заврши — го преживеав како руски заробеник. Конечно, во ноември 1945, се вратив дома во Захор. Нашата фарма беше во жалосна состојба, па затоа морав да започнам сѐ одново. Мојата сопруга и децата работеле на фармата за време на војната, но во октомври 1944, како што се приближувале Русите, ги евакуирале на исток. Сѐ што имавме беше опљачкано.

Што е најлошо од сѐ, кога се вратив дома, сопругата беше многу болна. Во февруари 1946 таа умре. Имаше само 38 години. Имавме толку малку време да уживаме во нашето повторно обединување после повеќе од пет долги, тешки години на одвоеност.

Најдов утеха меѓу моите духовни браќа, додека присуствував на состаноците и учествував во службата од куќа до куќа. Во 1947 позајмив пари за да отпатувам до Брно — патување од околу 400 километри — за да присуствувам на еден конгрес. Таму меѓу моите христијански браќа — вклучувајќи го и Натан Х. Нор, тогашниот претседател на Watch Tower Bible and Tract Society — добив голема утеха и охрабрување.

Не уживавме долго во повоената слобода. Во 1948 почнаа да нѐ угнетуваат комунистите. Во 1952 беа уапсени многумина од браќата кои преземаа водство во делото на Јеховините сведоци во Чехословачка, а мене ми беше дадена одговорност да се грижам за собранијата. Во 1954, и јас бев уапсен и осуден на четири години затвор. Исто така, беа затворени син ми, Јан, и неговиот син, Јуреј, заради тоа што ја задржаа својата христијанска неутралност. Поминав две години во државниот казнено-поправен дом Панкрац во Прага. Во 1956 беше издадено помилување и бев ослободен.

Најпосле слобода

Конечно, во 1989, комунизмот го изгуби својот стисок над Чехословачка и делото на Јеховините сведоци беше законски регистрирано. Така, бевме слободни заедно да се состануваме и отворено да проповедаме. До тоа време Захор имаше скоро сто Сведоци, што значеше дека секој десетти човек во селото е Сведок. Пред неколку години во Захор изградивме една убава, пространа Сала на Царството, со капацитет за седење од околу 200 лица.

Моето здравје веќе не е многу добро, па затоа браќата ме возат до Салата на Царството. Наоѓам задоволство кога сум таму и уживам да давам коментари на Студијата на Стражарска кула. Особено сум среќен што можам да видам дека претставници од три генерации од моето семејство му служат на Јехова, вклучувајќи и неколку внуци. Еден од нив служеше како патувачки надгледник на Јеховините сведоци во Чехословачка сѐ додека семејните одговорности не го спречија да го исполни тој распоред.

Благодарен сум му на Јехова што ме зајакнуваше во текот на многуте периоди на испит. Ме одржа тоа што го задржав вниманието сосредоточено на него — ‚како да Го гледам Оној кој не се гледа‘ (Евреите 11:27). Да, ја почувствував неговата моќна рака на избавување. Тоа е причината зошто, дури и сега, и понатаму се обидувам да бидам присутен на собраниските состаноци и да учествувам во објавувањето на неговото име во јавната служба, онолку колку што можам.

[Слика на страница 25]

Салата на Царството во Захор

[Слика на страница 26]

Ја ценам предноста да коментирам на Студијата на Стражарска кула

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели