ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • yp2 погл. 30 стр. 246-252
  • Дали да играм видеоигри?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали да играм видеоигри?
  • Младите прашуваат — делотворни одговори, том 2
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Мрачната страна на видеоигрите
  • Зошто е важно каква игра ќе играш
  • Какви игри да играм?
  • Избирај мудро
  • Смеам ли да играм видеоигри?
    Разбудете се! 2008
  • Што треба да знам за видеоигрите?
    Младите прашуваат
  • Треба ли да играм компјутерски или видеоигри?
    Разбудете се! 1996
  • Дали оние што играат се во опасност?
    Разбудете се! 2003
Повеќе
Младите прашуваат — делотворни одговори, том 2
yp2 погл. 30 стр. 246-252

ПОГЛАВЈЕ 30

Дали да играм видеоигри?

„КОМПЈУТЕРСКИТЕ игри се супер“, вели младиот Брајан. „Во светот на игрите можеш да правиш работи што инаку не би ги правел, барем не без да си навлечеш проблеми.“ И Дебора вели дека ужива да игра компјутерски игри. Но, дава и едно предупредување: „На нив може да трошиш многу време, како да си зависник“.

Видеоигрите не се само современа забава. Точно е дека тие ти нудат можност да си ги испробаш вештините и можат да ја разбијат монотонијата, но тоа не е сѐ. Мнозина што играат видеоигри имаат побрзи рефлекси. Некои игри ти помагаат да ги усовршиш математичките вештини и поубаво да читаш. Освен тоа, школските другари може да паднат на муабет за најновата игра, па, ако си ја играл, и ти ќе имаш што да кажеш.

Се разбира, ако внимателно избираш, обично ќе успееш да најдеш игра која е и возбудлива и прифатлива за христијани. Но, зошто треба да бидеш претпазлив?

Мрачната страна на видеоигрите

За жал, не се сите видеоигри само безопасна забава. Во голем дел од денешните компјутерски игри наголемо се велича она што во Библијата е наречено ‚дела на телото‘ — нечисти работи што Бог ги осудува (Галатите 5:19-21).

Адријан (18) вели дека во една многу популарна игра има „тепачки меѓу банди, дрогирање, отворено прикажување на сексуални односи, непристојни зборови, екстремно насилство и грозоморни крвави сцени“. Во некои се велича спиритизмот. А во споредба со секоја нова игра, претходните може да изгледаат наивно. Многу од овие насилни игри можат да се играат во живо преку Интернет. Ова им придава една сосема нова димензија на игрите. „Преку твојот компјутер дома можеш да играш со некој што живее на другата страна од светот“, вели Џејмс (19).

Во последно време многу се популарни игрите на Интернет во кои играш некој лик, наречени RPG (role-playing games). Во нив, учесниците избираат какви карактеристики ќе има нивниот лик — дали ќе биде човек, животно или комбинација од двете. Овие игри те внесуваат во еден виртуелен свет кој е полн со вакви ликови што ги играат илјадници други учесници. Во него има продавници, автомобили, куќи, дискотеки, јавни куќи итн., што, во основа, е копија на реалноста. Учесниците во овие игри можат да си праќаат инстант-пораки во име на компјутерските ликови што ги играат.

Мафијаши, макроа, проститутки, уценувачи, измамници и платени убијци се само некои од подлите ликови во овие игри. Играчите можат да прават работи што никогаш не би ги направиле во реалноста. Доволно е да се притиснат само неколку копчиња за ликовите од играта да се впуштат во сексуални односи, додека играчите што ги управуваат овие ликови си разменуваат пораки на таа тема. Некои игри им овозможуваат на ликовите да имаат секс со ликови што личат на деца. Разбирлива е загриженоста на критичарите што луѓето прават игри од вакви перверзии.

Зошто е важно каква игра ќе играш

Оние што играат вакви игри полни со насилство или неморал можеби ќе речат: „Ништо страшно. Тоа е само игра. Не е вистина“. Но, немој да се залажуваш со такви погрешни размислувања!

Библијата вели: „И детето се познава по она што го прави, дали е неговото дело чисто и исправно“ (Изреки 20:11). Ако играш насилни или неморални видеоигри, дали може да се каже дека го правиш она што е чисто и исправно? Истражувањата секогаш одново потврдуваат дека оние што се забавуваат гледајќи насилство стануваат поагресивни. Всушност, некои експерти велат дека видеоигрите имаат уште посилно влијание од телевизијата бидејќи играчот е активно вклучен во нив.

Ако играш насилни или неморални игри, исто како да си играш со радиоактивен отпад — тоа неминовно влијае штетно, иако во почетокот можеби не е видливо. Како? Кога некој е изложен на големо радиоактивно зрачење, доаѓа до трајно оштетување на слузокожата на желудникот, поради што бактериите од цревата навлегуваат во крвотокот и доаѓа до болест. Исто е и со видеоигрите — ако постојано си изложен на живописни неморални и насилни сцени, тоа ќе ти го наруши ‚чувството за она што е чесно‘ и, на крајот, телесните желби ќе завладеат со твоите мисли и постапки (Ефешаните 4:19; Галатите 6:7, 8).

Какви игри да играм?

Ако родителите ти дозволуваат да играш видеоигри, што ќе ти помогне да одредиш која игра е за тебе и колку време да потрошиш на неа? Би можел да си ги поставиш следниве прашања:

Како ќе гледа Јехова на мене поради игрите што ги играм? Во Псалм 11:5 пишува: „Јехова го испитува и праведниот и злиот, а душата Негова многу го мрази оној што го сака насилството“. Во врска со оние што се занимаваат со спиритизам, Божјата реч вели: „Секој што прави такво нешто му е одвратен на Јехова“ (5. Мојсеева 18:10-12). Ако сакаш да бидеш пријател со Бог, треба да се држиш за советот од Псалм 97:10: „Мразете го злото“.

Како играта ќе влијае врз моите мисли? Размисли: „Дали оваа игра ќе ми помогне или ќе ми одмогне да ‚бегам од блуд‘?“ (1. Коринќаните 6:18). Игрите во кои има сексуално провокативни сцени и разговори нема да ти помогнат да мислиш на праведни, чисти и доблесни работи (Филипјаните 4:8).

Колку време ќе трошам на таа игра? Дури и најпристојните видеоигри можат да ти одземат многу време. Затоа, запишувај си колку време трошиш за играње. Дали играта ти одзема од времето што си го одвоил за поважните работи? Ако си водиш евиденција, ќе можеш да си ги подредиш работите по важност (Ефешаните 5:16).

Се разбира, Библијата не вели дека животот треба да ни се состои само од учење и работа. Напротив, таа нѐ потсетува дека има „време за смеење... и време за играње“ (Проповедник 3:4, Превод на д-р Д. Х. Константинов). Но, интересно е што изворниот израз преведен со „играње“ овде укажува на физичка активност. Затоа, наместо само да седиш пред компјутерот, зошто не посветиш дел од своето слободно време на игри што вклучуваат физичка активност?

Избирај мудро

Нема сомнение дека видеоигрите можат да бидат многу интересни, особено ако добро ги играш. А тука се крие и причината зошто треба мудро да избираш какви игри ќе играш. Кои предмети на училиште најмногу ти одат? Зарем не оние што ги сакаш? Обично, колку повеќе сакаш некој предмет, толку подлабоко ти се врежува во умот. А сега прашај се: ‚Кои видеоигри најмногу ги сакам? На што ме учат тие?‘

Наместо да играш некоја игра само затоа што другите ја играат, биди цврст карактер и, на темел на она што го знаеш, избери самиот. Пред сѐ, послушај го советот од Библијата: „Испитувајте што е прифатливо за Господарот“ (Ефешаните 5:10).

ВО СЛЕДНОТО ПОГЛАВЈЕ:

Ја сакаш музиката, и тоа е сосема нормално. Но, дали си ѝ роб?

КЛУЧЕН СТИХ

„Вие кои го сакате Јехова, мразете го злото“ (Псалм 97:10)

ПРЕДЛОГ

На хартија објасни ја накратко секоја игра што сакаш да ја играш. Наведи ги целта на играта и методите што се користат за да се постигне таа цел. Потоа, овие работи спореди ги со библиските начела изнесени во ова поглавје и одлучи дали играта е добра за еден христијанин.

СИ ЗНАЕЛ ЛИ ДЕКА...?

Првата клиника за рехабилитација на зависници од видеоигри беше отворена во Амстердам (Холандија), во 2006 год.

ПЛАН!

Ако некој пријател ми предложи да играме насилна или неморална игра, ќе му речам ․․․․․

Играњето видеоигри ќе го ограничам на ․․․․․ часови седмично, и ќе успеам во тоа така што ․․․․․

Во врска со оваа тема, би сакал да ги прашам родителите ․․․․․

ШТО МИСЛИШ?

● Како можат да влијаат видеоигрите врз нечии мисли и чувства?

● Зошто е важно да се земат предвид Јеховините морални мерила кога се избира некоја игра?

● Како би му помогнал на својот помал брат или сестра што се навлекол на некоја игра за која знаеш дека не е добра?

[Истакната мисла на страница 249]

››Многу игри те прават рамнодушен на насилство, безобразни зборови, неморал и слично, а со тоа стануваш подложен на искушенија. Треба добро да размислиш која игра ќе ја играш‹‹ (Ејми)

[Слика на страница 250]

Ако играш насилни или неморални игри, исто како да си играш со радиоактивен отпад — тоа неминовно влијае штетно, иако во почетокот можеби не е видливо

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели