ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • ijwbq статија 67
  • Кое е потеклото на Ноќта на вештерките?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Кое е потеклото на Ноќта на вештерките?
  • Одговор на библиски прашања
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што вели Библијата:
  • Потеклото и обичаите на Ноќта на вештерките
  • Дали е важно потеклото на Ноќта на вештерките?
  • Вистината за Ноќта на вештерките
    Разбудете се! 2013
  • „Не сакаме да ја славиме Ноќта на вештерките!“
    Разбудете се! 2005
  • Зошто не славам Ноќ на вештерките
    Разбудете се! 2006
  • Заземањето цврст став на училиште е наградено
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
Повеќе
Одговор на библиски прашања
ijwbq статија 67
Три деца маскирани за Ноќта на вештерките стојат пред една куќа која е украсена за овој празник.

Кое е потеклото на Ноќта на вештерките?

Што вели Библијата:

Ноќта на вештерките, празник кој многумина го слават на 31 октомври секоја година, не се спомнува во Библијата. Меѓутоа, потеклото на овој празник и обичаите поврзани со него покажуваат дека тој не е во склад со библиските учења.

Во оваа статија:

  • Потеклото и обичаите на Ноќта на вештерките

  • Дали е важно потеклото на Ноќта на вештерките?

  • Зошто се нарекува Ноќ на вештерките?

Потеклото и обичаите на Ноќта на вештерките

  • Сауин (Samhain): Ноќта на вештерките влече корени од овој „древен пагански празник што Келтите го славеле пред повеќе од 2.000 години“, стои во една енциклопедија (The World Book Encyclopedia). „Келтите верувале дека за време на Сауин мртвите доаѓале меѓу живите и дека живите можеле да комуницираат со нив.“ (Види „Зошто се нарекува Ноќ на вештерките?“)

  • Маски, костими и слатки: Според една книга која зборува за Ноќта на вештерките, некои Келти носеле морничави костими за духовите што шетаат меѓу живите да мислат дека и тие се духови и да не ги вознемируваат. Други им нуделе слатки на духовите за да ги смират.a

    Од една портокалова корпа во облик на тиква, која лежи превртена на една маса, се истурени разни видови бонбони.

    Во средновековна Европа, католичките свештеници ги усвоиле локалните пагански обичаи и ги терале верниците да одат од куќа до куќа облечени во костими и да бараат мали дарови.

  • Духови, вампири, врколаци, вештерки и зомбија: Овие суштества уште од многу одамна се поврзуваат со светот на злите духовни сили. Во една книга тие се наречени „натприродни чудовишта“ и за нив се вели дека се „тесно поврзани со смртта, со мртвите или со стравот од смртта“ (Halloween Trivia).

  • Фенери од тикви: Во средновековна Британија, луѓе „оделе од куќа до куќа и барале храна, а за возврат ветувале дека ќе се молат за мртвите“. Носеле „фенери од издлабени репи во кои имало свеќа која ја претставувала душата заробена во чистилиште“ (Halloween​ — From Pagan Ritual to Party Night). Некои историчари сметаат дека ваквите фенери се користеле за да се бркаат злите духови. Во 19 век во Северна Америка наместо репи почнале да се користат тикви бидејќи ги имало во изобилство и полесно можеле да се длабат и обликуваат.

Дали е важно потеклото на Ноќта на вештерките?

Да. Иако за некои Ноќта на вештерките е безопасна забава, обичаите поврзани со овој празник се во спротивност со библиските учења. Тој се темели на лажни верувања за мртвите и за невидливите духови, односно демони.

Забележи ги следниве стихови кои покажуваат како Бог гледа на верувањата поврзани со Ноќта на вештерките:

  • „Кај тебе нека не се најде... некој што повикува духови... ни некој што ги прашува мртвите“ (5. Мојсеева 18:10-12).

    Значење: Бог не одобрува кога некој се обидува да стапи во контакт со мртвите ниту, пак, кога некој се преправа дека е во контакт со оние што починале.

  • „Мртвите не се свесни за ништо“ (Проповедник 9:5).

    Значење: Бидејќи не се свесни за ништо, мртвите не можат да комуницираат со живите.

  • „Не сакам вие да имате нешто заедничко со демоните. Не можете да ја пиете чашата на Јехова и чашата на демоните“ (1. Коринќаните 10:20, 21).

    Значење: Оние што сакаат да ја имаат Божјата наклоност не смеат да имаат каков и да било контакт со демоните.

  • „[Спротивставете им се] на Ѓаволовите сплетки. Зашто, ние... се бориме... против злите духовни сили“ (Ефешаните 6:11, 12).

    Значење: Треба да им се спротивставиме на злите духовни сили, а не да имаме празници во нивна чест.

a Види во книгата Halloween: An American Holiday, an American History, страница 4.

Зошто се нарекува Ноќ на вештерките?

Древниот келтски пагански празник кој се викал Сауин (Samhain) на македонски се нарекува Ноќ на вештерките. Во една енциклопедија пишува: „Сауин... значи крај на летото. Празникот го означувал почетокот на мрачниот зимски период и се славел околу 1 ноември. Во текот на осмиот и деветтиот век, Црквата вовела нов празник на овој датум и го нарекла Денот на сите светци, кој уште бил наречен и Сите свети” (World Book Encyclopedia). Англискиот збор hallow значи светец, или оној што е свет. Празникот Сите свети (на англиски All Hallows’) се слави во чест на мртвите светци. Вечерта пред овој празник некогаш се нарекувала All Hallows’ Eve или скратено All Hallow e’en. Подоцна името било скратено во Halloween.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели