ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 7/10 стр. 6-9
  • Како да поминеш со помалку

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како да поминеш со помалку
  • Разбудете се! 2010
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Немој да се повлекуваш!
  • И верата многу помага
  • Како паметно да ги трошам парите?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 2
  • 2 | Мудро ракувај со парите
    Разбудете се! 2022
  • „Ќе мора да те отпуштиме“
    Разбудете се! 2010
  • Како да управуваш со своите пари
    Разбудете се! 2011
Повеќе
Разбудете се! 2010
g 7/10 стр. 6-9

Како да поминеш со помалку

ЗА ДА поминеш со помалку, треба да планираш. Исус го нагласил ова кога рекол: „Кој од вас, кога сака да гради кула, најнапред не седнува и не го пресметува трошокот за да види дали има со што да ја доврши?“ (Лука 14:28, 29). Во склад со ова начело, би можел да го ‚пресметаш трошокот‘ и да живееш во рамките на своите финансиски можности ако добро испланираш како да ги трошиш парите што ги имаш. Следниов предлог може да ти помогне во тоа.

Кога ќе донесеш пари дома, одвој си соодветна сума за секоја група трошоци, сеедно дали треба да се платат веднаш или во иднина. (Види ја рамката на 8. страница.) Кога трошоците се групирани, имаш преглед каде ти одат парите и колку трошиш за непотребни работи. Тоа ќе ти помогне да утврдиш на што би можел да штедиш.

За да направиш план за трошење на парите што ќе биде практичен за тебе, би можел да ги испробаш и овие предлози.

Купувај плански!

Кога Раул останал без работа, неговата жена, Берта, го сменила начинот на пазарување. „Се трудев да пазарувам во продавници каде што имаше попуст или да купувам производи по намалени цени“, вели таа. Еве уште неколку идеи:

● Планирај што да готвиш според она што е на намаление.

● Наместо да купуваш пакувана храна, купи ги основните состојки и зготви ги сам.

● Набави поголема количина од сезонските производи или од артиклите кои се на намаление.

● Купувај на големо, но внимавај да не складираш премногу производи за да не ти се расипат.

● Ако е можно, купувај во продавници каде што облеката се продава по фабрички цени.

● Ако е исплатливо, патувај до места каде што цените на производите се пониски.

● Купувај поретко.a

Води евиденција

„Моравме плански да ги трошиме парите“, вели Фред, „па затоа водев евиденција што ќе мораме да платиме веднаш и колку ќе ни треба до крајот на месецот.“ Неговата сопруга, Адела, додава: „Пред да пазарувам, имав на ум точно колку пари можам да потрошам. Понекогаш, кога ќе требаше да купам нешто за децата или за дома, ќе го погледнев планот и ќе си речев: ‚Не можам да си го дозволам ова. Ќе мора да се стрпиме до следниот месец‘. Ни беше од голема помош тоа што водевме евиденција за се“.

Пред да купуваш, размисли

Стекни навика да се прашаш: ‚Дали ова навистина ми треба? Дали старото што го имам не може веќе да ми служи или само сакам да имам нешто ново?‘ Ако знаеш дека нешто нема да користиш многу често, ќе можеш ли да го изнајмиш? Или, ако мислиш дека ќе го користиш често, ќе биде ли практично да го купиш на старо?

Иако можеби со некои од овие предлози можеш да заштедиш сосем малку, ако примениш повеќе од нив, на крајот би можел да заштедиш многу! Всушност, ако научиш да штедиш во малите работи, ќе бидеш штедлив и кога ќе ти излезат поголеми трошоци.

Биди досетлив

Креативноста ќе ти помогне да штедиш на поневажните работи. На пример, Адела раскажува: „Имавме два автомобила, но за кратко време го продадовме едниот и почнавме да се возиме заедно. За да заштедиме бензин, планиравме да завршиме колку што е можно повеќе работи на едно излегување. Решивме да трошиме само за најнеопходното“. Еве уште неколку слични идеи:

● Посади бавча и одгледувај свој зеленчук.

● Следи ги упатствата на производителот. Така апаратите што ги користиш ќе ти траат подолго.

● Соблекувај ја убавата облека веднаш штом ќе си дојдеш дома — така ќе изгледа нова подолго време.

Немој да се повлекуваш!

Многу од луѓето што ја губат работата се повлекуваат во свој свет. Но, тоа не било случај со Фред. Тој добил сочувствителна поддршка од семејството, вклучувајќи ги и неговите возрасни деца. „Научивме да делиме меѓу себе и тоа нѐ зближи“, вели тој. „Гледавме на ситуацијата како на заеднички проблем“.

Фред добил поддршка и од сохристијаните кога редовно се гледал со нив во Салата на Царството на Јеховините сведоци. „На крајот од секој наш христијански состанок, се чувствував охрабрен“, вели тој. „Сите беа многу љубезни и обѕирни. Нивната помош и утеха ни помогнаа да сфатиме дека не сме препуштени сами на себе“ (Јован 13:35).

И верата многу помага

Невработеноста создава милиони огорчени жртви кои се чувствуваат изневерени од своите работодавци. Раул, кој веќе беше спомнат, бил скршен кога неочекувано ја изгубил работата, и тоа двапати — најпрвин во неговата татковина, Перу, а потоа и во Њујорк. По второто отпуштање, Раул заклучил: „Во денешниов свет не е сигурно ама баш ништо“. Што му помогнало додека со месеци напразно се трудел да најде работа? Тој вели: „Изградив блиско пријателство со Бог и сфатив дека само довербата во него може да ми даде вистинска сигурност“.

Раул е Јеховин сведок. Проучувањето на Библијата му помогнало да стекне силна вера во нашиот грижлив небесен Татко, кој ветува: „Никогаш нема да те оставам и никогаш нема да те напуштам“ (Евреите 13:5). Иако не било лесно, тој вели: „Секогаш се молевме да го имаме најосновното и научивме да бидеме среќни со она што ни го дава Бог“. Неговата сопруга, Берта, додава: „Понекогаш бев многу нервозна и се прашував дали Раул ќе успее да најде работа. Но, видовме дека Јехова одговара на нашите молитви така што секој ден се грижеше за нас. Всушност, иако немавме толку многу како порано, можевме да водиме едноставен живот“.

Бидејќи Фред е Јеховин сведок, тоа што ја проучувал Библијата имало силно влијание врз начинот на кој се справил со ситуацијата. „Понекогаш сме склони да се потпираме на работата, положбата или на банковната сметка“, вели тој. „Но, научив дека само Јехова Бог е извор на вистинска сигурност и дека навистина сме на безбедно единствено ако сме пријатели со него.“b

[Фусноти]

a Според едно истражување, речиси 60 отсто од сите работи што ќе ги купи еден потрошувач се непланирани.

b Нешто повеќе за тоа како да ракуваш со парите можеш да прочиташ во нашето придружно списание Стражарска кула од 1 август 2009, страници 10-12.

[Истакната мисла на страница 9]

„Секогаш се молевме да го имаме најосновното и научивме да бидеме среќни со она што ни го дава Бог“

[Рамка/табела на страница 8]

Како да направиш добар план

1) Запиши кои се твоите задолжителни месечни трошоци. Еден месец води евиденција колку трошиш за храна, кирија или станбен кредит, режиски трошоци, превоз и слично. Трошокот за годишните сметки распредели го на 12 месечни рати.

2) Распореди ги трошоците во неколку групи. На пример, храна, кирија/станбен кредит, превоз итн.

3) Процени колкав дел од парите ќе треба да трошиш месечно за секоја од овие групи. Пресметај и колку ќе треба да тргаш настрана секој месец за да ги исплатиш годишните сметки.

4) Запиши колкав е вкупниот чист приход на сите во семејството. Одземи ги од таа сума давачките, како што е данокот. Спореди го овој износ со трошоците.

5) Секој месец одвојувај си соодветна сума за секоја група трошоци. Ако плаќаш во готово, би можел едноставно да означиш посебни пликови за секоја група. Потоа, редовно ставај ја во соодветниот плик сумата што е потребна за да се покрие означениот трошок.

Предупредување: Ако имаш кредитна картичка, користи ја одговорно! Многу планови за планско купување пропаднале бидејќи луѓето подлегнале на искушението да купуваат на кредит.

[Табела]

(Види во публикацијата)

Чист месечен приход

ЧИСТА ЗАРАБОТУВАЧКА МКД․․․․․ ДРУГО МКД․․․․․

ЧИСТА ЗАРАБОТУВАЧКА

НА ДРУГИТЕ ДОМА МКД․․․․․ ВКУПЕН ЧИСТ ПРИХОД

МКД․․․․․

Планирано Потрошено

Месечни трошоци Месечни трошоци

МКД․․․․․ Кирија или станбен кредит МКД․․․․․

МКД․․․․․ Осигурување/даноци МКД․․․․․

МКД․․․․․ Комунални давачки МКД․․․․․

МКД․․․․․ Трошоци за колата МКД․․․․․

МКД․․․․․ Забава/патување МКД․․․․․

МКД․․․․․ Телефон МКД․․․․․

МКД․․․․․ Храна МКД․․․․․

МКД․․․․․ Друго МКД․․․․․

ПЛАНИРАНО ВКУПНО ПОТРОШЕНО ВКУПНО

МКД․․․․․ МКД․․․․․

Разлика: приходи и трошоци

ЧИСТ МЕСЕЧЕН ПРИХОД МКД․․․․․

МИНУС— САЛДО

МЕСЕЧНИ ТРОШОЦИ МКД․․․․․ МКД․․․․․

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели