Песна 132
Чувај го своето срце
1. Внимавајте на срцето,
о Божји синови!
За живот да добиете,
на Бог сте послушни.
Од мислите доаѓаат
и дела прекрасни.
Ти внимавај на умот свој,
ко прав христијанин.
2. Чувај си го ти срцето
молејќи искрено.
Со фалби ил’ во неволја
пристапи му на Бог.
И здрави мисли имаме,
од Речта црпиме.
Дружејќи се со браќата,
на Бог му служиме.
3. На работи што важни се
ти мисли задржи,
на чистите и љубезни,
за фалба достојни.
И така ако продолжиш
ќе уживаш во мир,
со срцето сочувано
ќе живееш и ти.