ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w96 15/11 стр. 21-23
  • Искористи ја оваа единствена прилика!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Искористи ја оваа единствена прилика!
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Да се донесе мудра одлука
  • Нашево време е посебно
  • „Продолжете да го барате најнапред царството“
    Обожавај го единствениот вистински Бог
  • Служба за тебе?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Дали се трудиш потполно да ја извршиш службата за Бог?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2019
  • Обучени да дадеме темелно сведоштво
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
w96 15/11 стр. 21-23

Искористи ја оваа единствена прилика!

ПЕТАР отишол доста напред во своите студии по медицина кога библиската порака за спасение му го пленила интересот. Кога дипломирал и почнал да работи како лекар во една болница, неговите претпоставени постепено го охрабрувале да се специјализира за неврохирург. Ова било прилика која мнозина нови лекари би ја искористиле без колебање.

Па сепак, Петарa одлучил да се откаже од оваа прилика. Зошто? Дали едноставно му недостигала потребната амбиција и мотивот? Не, бидејќи Петар внимателно размислил за понудата. Откако станал предаден, крстен Сведок на Јехова, тој посакувал да поминува колку што е можно повеќе време во различни аспекти од христијанската служба. Штом би се оспособил како неврохирург, резонирал тој, неговата професија би му одземала сѐ повеќе и повеќе од неговото време и енергија. Дали бил луд што се одрекол од овој посебен изглед или, пак, бил мудар?

За некои, Петровата одлука можеби изгледала луда. Меѓутоа, тој ги зел во обѕир таквите библиски стихови како Ефесјаните 5:15, 16 (НС). Таму апостол Павле ги поттикнал сохристијаните: „Затоа строго пазете како одите, не како немудри, туку како мудри луѓе, откупувајќи си го поволното време, затоа што деновите се зли“.

Молиме, забележи го изразот „поволното време“. Преведен е од еден грчки збор што се користи во Библијата главно во врска со некое време или период што е обележан со извесни карактеристики или што е прикладно за некоја специфична активност. Овде Павле нагласил дека христијаните треба да одвојат време за важните работи. Всушност, тие треба да ‚се уверат во поважните работи‘ (Филипјаните 1:10, НС). Станува збор за поставувањето приоритети.

Според тоа, која е божествената намера за нашево време? Која е Божјата волја за оние кои го сакаат? Библиските пророштва јасно го идентификуваат нашево време како ‚последно време‘ или ‚последни денови‘ (Даниил 12:4; 2. Тимотеј 3:1). Христос Исус не оставил сомневање околу тоа што ќе биде од најголема важност за нашето време. Тој рекол дека особено пред крајот на овој зол систем на ствари ‚ова Евангелие за царството ќе биде проповедано по целиот свет, за сведоштво на сите народи‘. Дури тогаш би дошол крајот (Матеј 24:3, 14).

Затоа, треба да ја искористиме секоја прилика да ја проповедаме добрата вест за Царството и да правиме ученици (Матеј 28:19, 20). Со оглед на тоа што овие активности никогаш нема да се повторат, ова е последната прилика да дадеме сѐ од себе во ова животоспасувачко дело. „Сега е времето благопријатно [особено погодно време, НС].“ Навистина, „сега е денот на спасението“ (2. Коринтјаните 6:2).

Да се донесе мудра одлука

Петар — младичот споменат на почетокот — внимателно размислил за својата одлука и го одмерил својот избор. Сфатил дека не би било погрешно да студира со изглед да стане неврохирург. Но, што му било најважно? Тоа била неговата активност во христијанската служба, земајќи ја во обѕир итноста на ова дело. Во исто време, тој морал да исполни некои обврски. Бил оженет и морал да ја издржува својата сопруга која полновремено учествува во делото на проповедање (1. Тимотеј 5:8). Петар исто така морал да отплаќа долгови поврзани со неговото образование. Тогаш, што одлучил да направи?

Петар одлучил да специјализира радиологија и да работи со ултразвучен скенер. Ова било работа што би изискувала нормален работен ден. Исто така, своето обучување би го добивал за време на редовните работни часови. Да, некои би можеле ова да го сметаат за помалку престижен положај, но тоа би му дозволило да посвети повеќе време на духовните тежнеења.

Уште едно размислување ја забрзала Петровата одлука. Иако не ги осудува другите кои можеби би одлучиле поинаку, тој знаел дека преголемото вклучување во световни работи претставува опасност за еден христијанин. Тоа може да го наведе да ги занемари духовните одговорности. Ова е илустрирано со еден друг пример кој се вртел околу вработувањето.

Еден полновремен проповедник на Царството бил школуван уметник. Тој бил во состојба да се издржува финансиски од продажбата на своите слики. Иако поголемиот дел од своето време го посветувал на севажната христијанска служба, сепак на тој начин можел удобно да се издржува. Меѓутоа, почнала да расте желбата да ја унапредува својата уметничка кариера. Станувал сѐ поангажиран во сликањето и во уметничкиот свет, ја напуштил полновремената служба и на крајот станал потполно неактивен што се однесува до активноста на проповедање на Царството. Со текот на времето, се впуштил во небиблиско однесување, што предизвикало тој повеќе да не биде дел од христијанското собрание (1. Коринтјаните 5:11—13).

Нашево време е посебно

Како такви кои сега му служат на Јехова, секако дека сакаме да му останеме верни. Ние знаеме дека живееме во најизвонредното време во човечката историја. Со цел да продолжиме да му служиме на Бог и делотворно да излеземе на крај со денешните околности, можеби треба да направиме различни прилагодувања. Тоа можеме да го споредиме со едно време на жетва за еден земјоделец. Тоа е период на посебна активност, кога од земјоделските работници се очекува да се напрегаат повеќе од обично и да поминуваат подолги работни денови. Зошто? Затоа што жетвата мора да се собере за еден ограничен временски период.

На сегашниот зол систем на ствари му преостанува едно многу ограничено време. Повеќе од кога и да било порано, еден вистински христијанин сега треба да се напрега да го следи Исусовиот пример и да оди по неговите стапки. Неговиот животен пат на Земјата јасно покажал што му било од најголема важност. Тој рекол: „Јас треба да ги вршам делата на Оној што Ме прати додека е уште ден; оти настапува ноќ, кога не ќе може никој да работи“ (Јован 9:4). Велејќи дека доаѓа ноќта, Исус се осврнал на времето на своето искушение, приковување и смрт, кога неговата земна служба ќе заврши и кога тој не ќе биде во можност да се ангажира во делата на својот небесен Татко.

Вистина, во текот на својата три и полгодишна служба, Исус поминал нешто од своето време во извршување чуда и лечење на болните. Меѓутоа, поголемиот дел од своето време го користел за да ја проповеда пораката за Царството и да ‚им проповеда на заробените ослободување‘ од лажната религија (Лука 4:18; Матеј 4:17). Исус вложувал сериозен напор во својата служба и исто така одвојувал време да ги обучува своите ученици за да можат да градат врз темелот што го положил тој и делотворно да продолжат со делото на проповедање. Исус ја користел секоја прилика да ги унапредува интересите на Царството и сакал неговите ученици да го прават истото (Матеј 5:14—16; Јован 8:12).

Како Исус, ние кои сме негови денешни следбеници треба да ја гледаме ситуацијата на човештвото онака како што ја гледа Јехова. Времето за овој систем на ствари истекува, а Бог милостиво сака сите да ја имаат приликата да постигнат спасение (2. Петрово 3:9). Затоа, зарем не би било мудро сите други стремежи да се стават на второ место во однос на вршењето на Јеховината волја? (Матеј 6:25—33). Особено во текот на едно такво посебно време како ова, нешто што обично би се сметало за важно веројатно би можело да стане од помала важност во нашиот живот како христијани.

Дали некој од нас некогаш би зажалил што сме ја ставиле Божјата волја на прво место во нашиот живот? Навистина не, бидејќи христијанскиот пат на самопожртвуваност е прекрасно наградувачки. На пример, Исус им рекол на своите ученици: „Вистина ви велам: нема таков што оставил куќа, или браќа, или сестри, или татко, или мајка, или жена, или деца, или имот, заради Мене и Евангелието, а да не примил, и тоа сега, во ова време, стопати повеќе од куќи, и браќа, и сестри, и татко, и мајка, и деца, и нивје, а во идниот век [во идниот систем на ствари, НС] — и живот вечен“ (Марко 10:29, 30).

Никој не може да ја процени паричната вредност на наградите што ги уживаат оние кои го користат своето време за да го фалат Јехова и да ја објавуваат пораката за Царството. Тие уживаат толку многу благослови! Во нив спаѓаат вистинските пријатели, задоволството што ја вршиме божествената волја, Божјата насмевка на одобрување и изгледот за бескраен живот (Откровение 21:3, 4). А каков само благослов е на луѓето да им помогнеме духовно и на Јеховиното свето име да му донесеме чест како негови Сведоци! Без сомнение, ‚откупувањето на поволното време‘ навистина е мудар и наградувачки пат. Како никогаш порано, сега е времето да се учествува во објавувањето на добрата вест за Божјето Царство. Дали ти ќе ја искористиш и ќе се држиш за оваа единствена прилика?

[Фуснота]

a Името е сменето.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели