Што ќе кажам?
Кога во службата среќаваме луѓе кои поволно се одѕиваат, ние сакаме да навратиме за да им дадеме понатамошно сведоштво. Меѓутоа, можеби сме несигурни во врска со тоа што да кажеме за следниот разговор да биде интересен. Би можел да се обидеш со овој пристап: Постави интересно прашање, а потоа сврти во книгата Расудување за да го покажеш библискиот одговор. Би било од помош да се има список со прашања од кои би можел да го избереш она за кое мислиш дека би можело да наиде на најдобар одѕив при некоја посета. Долниов список, составен од книгата Расудување, го наведува бројот на страницата каде што се наоѓа секој одговор:
◼ Дали постојат здрави причини да веруваме во Бог? (53)
◼ Дали Бог навистина се грижи за она што ни се случува нам луѓето? (54)
◼ Која е целта на човечкиот живот? (123)
◼ Зошто постои толку многу зло? (133)
◼ Зошто е важно да се знае и да се употребува Божјето лично име? (163)
◼ Што ќе постигне Божјето Царство? (177)
◼ Дали човек мора да оди на небото за да има вистински среќна иднина? (235)
◼ Зошто Бог допушта страдање? (282)
◼ Зошто постојат толку многу религии? (326)
◼ Како може човек да знае која религија е исправна? (332)
◼ Колку моќна фигура е Сатана во денешниов свет? (349)
◼ Зошто старееме и умираме? (360)
Ти би можел да ставиш еден таков список со прашања во својата Библија или во книгата Расудување заради брза информација. Тоа што имаш нешто конкретно во мислите за да кажеш на повторните посети ќе те охрабри да бидеш верен во проследувањето на сиот интерес што ќе го најдеш.