Ненадминливата вредност на божествената мудрост
1 Некои луѓе сметаат дека Јеховините сведоци треба да ги сосредоточат своите напори подиректно на тоа да помогнат да се олеснат проблемите со кои се соочува човештвото денес. Таквите лица не ја увидуваат ненадминливата вредност на нашето библиско образовно дело. Токму така е како што напишал апостол Павле: „Говорот за маченичкиот столб е безумство за оние кои пропаѓаат, а за нас, кои се спасуваме, тоа е Божја сила“ (1. Кор. 1:18). Да, ние знаеме дека христијанската служба е најважното дело што се извршува на земјата денес.
2 Подобар живот сега: Напорите на луѓето да ги решат проблемите на човештвото донеле многу мали резултати. Законодавството не го спречило порастот на криминалот. Мировните договори и мировните сили не ѝ ставиле крај на војната. Социјалните програми не успеале да ја искоренат сиромаштијата (Псал. 146:3, 4; Ерем. 8:9). Спротивно на тоа, пораката за Царството го променила животот на милиони луѓе со тоа што им помогнала да ја облечат новата личност што е прифатлива за Бог (Рим. 12:2; Кол. 3:9, 10). Кога го прават тоа, тие уживаат подобар квалитет на животот уште сега (1. Тимотеј 4:8).
3 Светла иднина: Освен што ни помага да се справиме со сегашните предизвици во животот, божествената мудрост нѐ оспособува делотворно да ја планираме иднината (Псалм 119:105). Нѐ поштедува од тоа напразно да се трудиме да го подобриме сегашниот систем (Проп. 1:15; Рим. 8:20). Колку сме само благодарни што не си го трошиме животот по цели што се само илузија! Наместо тоа, ги сосредоточуваме нашите напори на сигурното ветување од Јехова за „нови небеса и нова земја“ во кои ќе престојува праведност. Кога ќе дојде Јеховиниот ден на суд, ќе биде сосема јасно дека оние што се потпирале на божествената мудрост го направиле исправниот избор (2. Петр. 3:10—13; Псал. 37:34).
4 Иако божествената мудрост можеби им изгледа непрактична на оние што се длабоко навлезени во „мудроста на овој систем на работи“, таа, всушност, е единствениот практичен правец што треба да го следиме (1. Кор. 1:21; 2:6—8). Затоа, продолжуваме да ја објавуваме по целата земја пораката што доаѓа од Бог, кој е „единствено мудар“ (Рим. 16:27).