ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • lr погл. 48 стр. 250-256
  • Божјиот мирољубив нов свет — и ти можеш да живееш таму

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Божјиот мирољубив нов свет — и ти можеш да живееш таму
  • Учи од Големиот Учител
  • Сличен материјал
  • Вечниот живот не е само сон
    Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
  • Живот во мирољубив нов свет
    Живот во мирољубив нов свет
  • Каков ќе биде новиот свет кој е на прагот?
    Title: Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2021
  • После Армагедон — рајска Земја
    Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
Повеќе
Учи од Големиот Учител
lr погл. 48 стр. 250-256

ПОГЛАВЈЕ 48

Божјиот мирољубив нов свет — и ти можеш да живееш таму

БОГ ги ставил Адам и Ева во градината Еден. Иако тие станале непослушни и умреле, Бог ќе направи нивните деца, вклучувајќи нѐ и нас денес, да можат да живеат засекогаш во Рај. Библијата ветува: „Праведните ќе ја наследат земјата и ќе живеат довека на неа“ (Псалм 37:29).

Библијата зборува за „нови небеса“ и „нова земја“ (Исаија 65:17; 2. Петрово 3:13). Сегашните „небеса“ се денешните човечки влади, а „новите небеса“ ќе ги сочинуваат Исус Христос и оние што владеат со него на небото. Колку само ќе биде прекрасно кога овие нови небеса — Божјата праведна влада на мирот — ќе владеат над целата земја!

Тогаш, што е ‚новата земја‘?⁠— Новата земја ќе бидат добрите луѓе што го сакаат Јехова. Кога Библијата зборува за „земјата“, се мисли на луѓето што живеат на земјата, а не на самото земјиште (Битие 11:1; Псалм 66:4; 96:1). Значи, луѓето што ја сочинуваат новата земја ќе живеат токму овде, на планетата Земја.

Сегашниот свет од злобни луѓе тогаш ќе го нема. Сети се, во Потопот од времето на Ное бил уништен цел еден злобен свет. И, како што учевме, овој сегашен злобен свет ќе биде уништен во Армагедон. Ајде сега да видиме како ќе изгледа животот во Божјиот нов свет по Армагедон.

Дали сакаш да живееш засекогаш во Рај во Божјиот мирољубив нов свет?⁠— Ниеден доктор не може да направи да живееме засекогаш. Нема апче што може да нѐ спречи да умреме. Единствен начин да живееме засекогаш е да му се приближиме на Бог. Големиот Учител ни кажува како да го направиме тоа.

Ајде да ја земеме Библијата и да отвориме во Јован, 17. поглавје, 3. стих. Овде се наоѓаат следниве зборови на Големиот Учител: „Ова значи вечен живот, да примаат спознание за тебе, единствениот вистински Бог, и за оној кого го испрати, Исус Христос“.

Значи, што рекол Исус, што треба да правиме за да живееме засекогаш?⁠— Најпрвин, мораме да примаме спознание за нашиот небесен Татко, Јехова, а и за неговиот Син, кој си го дал животот за нас. Ова значи дека треба да ја проучуваме Библијата. Оваа книга, Учи од Големиот Учител, ни помага да го правиме тоа.

Но, како тоа што учиме за Јехова ќе ни помогне да живееме засекогаш?⁠— Па, исто како што секој ден ни треба храна така секој ден треба да учиме и за Јехова. Библијата вели: ‚Човекот не живее само од леб, туку од секој збор што излегува од Јеховината уста‘ (Матеј 4:4).

Исто така, треба да примаме и спознание за Исус Христос затоа што Бог го испратил својот Син да го отстрани нашиот грев. Библијата вели: „Во никој друг нема спасение“. А Библијата го вели и ова: „Кој практикува вера во Синот, има вечен живот“ (Дела 4:12; Јован 3:36). Но, што значи да ‚практикуваме вера‘ во Исус?⁠— Тоа значи дека навистина веруваме во Исус и знаеме дека без него не можеме да живееме засекогаш. Дали ние веруваме во тоа?⁠— Ако веруваме, тогаш ќе продолжиме да учиме од Големиот Учител секој ден, и ќе го правиме она што го вели тој.

Еден убав начин да учиме од Големиот Учител е да ја читаме оваа книга одново и одново, да ги гледаме сите слики и да размислуваме за нив. Пробај да одговориш на прашањата што се наоѓаат кај овие слики. Исто така, читај ја книгата со тато или со мама. Ако не си со родителите, читај ја со други возрасни или со други деца. Зар не би било прекрасно да можеш да им помогнеш на други да учат од Големиот Учител за тоа што треба да прават за да живеат засекогаш во Божјиот нов свет?⁠—

Библијата ни вели: „Светот поминува“. Но, потоа Библијата објаснува како можеме да живееме засекогаш во Божјиот нов свет. Таа вели: „Оној кој ја врши Божјата волја останува засекогаш“ (1. Јованово 2:17). Значи, како можеме да живееме засекогаш во Божјиот нов свет?⁠— Да, ако примаме спознание за Јехова и за неговиот драг Син, Исус. Но, исто така, мораме и да го правиме она што го учиме. Нека твоето проучување на оваа книга ти помогне во сето ова.

Возрасни луѓе и деца уживаат во рајот во мир со животните

Додека ги читаш Исаија 11:6-9 и Исаија 65:25, учиш дека животните живеат во мир. Погледни ги овие слики. Види го јагнето, јарето, леопардот, телето, големиот лав и децата со нив. Ги знаеш ли имињата и на другите животни овде за кои зборува Библијата?⁠— Погледни го само детето што си игра со кобрата! Никој што живее во новиот свет не треба да се плаши (Осија 2:18). Што мислиш за тоа?⁠—

Луѓе од различни раси уживаат во мир и сигурност во новиот свет

Сега, забележи дека сите видови луѓе живеат во мир. Сите тие се сакаат еден со друг, исто како што рекол Исус дека неговите ученици ќе се сакаат (Јован 13:34, 35). Од оружјето што служело за војна се прават алатки за да се обработува земјата. Библијата вели дека во Божјиот нов свет луѓето ќе уживаат во прекрасен мир и сигурност. За тоа можеме да прочитаме во следните стихови: Псалм 72:7; Исаија 2:4; 32:16-18 и Езекиел 34:25.

Луѓе во рајот градат куќа, се грижат за Земјата и уживаат во она што таа го дава

Погледни ги луѓето на оваа страница. Тие се грижат за земјата, и ја претвораат во прекрасно место. Погледни ја убавата куќа што ја градат и сето вкусно овошје и зеленчук, кои можат да се видат овде. Земјата станала рај, сличен на градината Еден. За овие прекрасни работи можеме да прочитаме во Псалм 67:6; 72:16, Исаија 25:6; 65:21-24 и Езекиел 36:35.

Луѓе уживаат во добро здравје и среќа во рајот

Како што гледаш овде, сите се здрави и среќни. Луѓето можат да скокаат високо како елен. Никој не е сакат, ни слеп ни болен. И види ги сите тие луѓе што се подигнати од мртвите! Библијата кажува за овие работи во Исаија 25:8; 33:24; 35:5, 6; Дела 24:15 и Откровение 21:3, 4.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели