ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • bm дел 1 стр. 4
  • Творецот го сместува човекот во рај

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Творецот го сместува човекот во рај
  • Библијата — која е нејзината порака?
  • Сличен материјал
  • Можеме да учиме од првиот човечки пар
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Каков бил животот во рајот?
    Запознај го Бог и живеј засекогаш
  • Рајот е изгубен
    Библијата — која е нејзината порака?
  • Бог ги направил првите луѓе
    Поуки од Библијата
Повеќе
Библијата — која е нејзината порака?
bm дел 1 стр. 4
Адам и Ева во рајската градина, опкружени со животни

ДЕЛ 1

Творецот го сместува човекот во рај

Бог ја создава вселената и животот на Земјата. Создава совршени маж и жена, ги сместува во една прекрасна градина и им дава заповеди кои треба да ги слушаат

Лавови, птици и срни во рајската градина

„ВО ПОЧЕТОКОТ Бог ги создаде небото и земјата“ (1. Мојсеева 1:1). Се вели дека ова се најпознатите уводни зборови што некогаш биле запишани. Со оваа едноставна, но силна изјава, Библијата ни ја претставува најважната Личност во целото Свето писмо — Семоќниот Бог Јехова. Првиот стих во Библијата открива дека Бог ја создал бескрајната вселена и планетата на која живееме. Од стиховите што следат понатаму дознаваме дека во текот на неколку долги периоди, симболично наречени „денови“, Бог ги создавал своите чудесни творби подготвувајќи ја Земјата да биде наш дом.

Човекот бил круна на Божјето творештво на Земјата. Тој бил создаден според Божјиот лик, односно имал способност да ги покажува особините на Бог, како што се љубовта и мудроста. Бог го направил човекот од земниот прав, му го дал името Адам и го сместил во рај, наречен еденска градина. Самиот Бог ја направил оваа градина во која изникнале прекрасни родни дрвја.

Бог видел дека не е добро човекот да биде сам. Затоа зел едно ребро од Адам и создал жена, која подоцна го добила името Ева. Таа му станала сопруга на Адам. Тој бил толку восхитен од неа што ги кажал следниве поетски зборови: „Најпосле, еве коска од моите коски и месо од моето месо“. А Бог рекол: „Затоа човек ќе ги остави татка си и мајка си и ќе се прилепи до својата жена, и тие двајцата ќе станат едно тело“ (1. Мојсеева 2:22-24; 3:20).

Бог им дал на Адам и Ева две заповеди. Прво, им заповедал да ја уредуваат Земјата како свој дом, да се грижат за неа и, со текот на времето, да ја наполнат со свои потомци. И второ, им забранил да јадат плод само од едно дрво во таа огромна градина — од „дрвото на спознанието на доброто и злото“ (1. Мојсеева 2:17). Им рекол дека, ако ја прекршат таа заповед, ќе умрат. Со тие две заповеди, Бог им дал можност да покажат дека го прифаќаат како свој Владетел. Исто така, со својата послушност ќе покажеле дека го сакаат и дека му се благодарни. Навистина немале никаква причина да го отфрлат својот добар Владетел. Тие совршени луѓе биле без никаква маана. Библијата ни кажува: „Бог го погледна сето она што го беше направил, и гледај, беше многу добро“ (1. Мојсеева 1:31).

Се темели на 1. Мојсеева, поглавја 1 и 2.

  • Како Библијата го опишува создавањето на првите луѓе и на нивниот дом на Земјата?

  • Каков живот им овозможил Бог на првите маж и жена?

  • Кои заповеди му ги дал Бог на првиот човечки пар?

БОЖЈЕТО ИМЕ

Во Библијата, за Бог се користат различни титули, како што се Творец и Семоќен Бог. Некои титули ги нагласуваат неговите особини, меѓу кои се неговата светост, моќ, правда, мудрост и љубов. Но, Бог си дал и единствено лично име — Јехова. Во изворниот текст на Библијата, тоа име се појавува околу 7.000 пати, а за првпат се спомнува во 1. Мојсеева 2:4. Името Јехова значи „оној што предизвикува да стане“. Утешно е да се знае што значи Божјето име, бидејќи тоа покажува дека Бог може да изврши сѐ што наумил и да го исполни секое свое ветување.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели