Стани повешт во службата — одговори им на оние што сакаат да го прекинат разговорот
Зошто е важно: Замисли си ја следнава ситуација: Дознаваш дека ќе се случи некоја природна катастрофа и јасно ти е дека луѓето ќе загинат ако не се засолнат некаде. Одиш кај твојот сосед за да го предупредиш, но тој те прекинува, велејќи дека е зафатен. Дали веднаш ќе си заминеш? Сигурно дека не! Напротив, и понатаму ќе се обидуваш да му укажеш колку е сериозна ситуацијата. Многу луѓе на нашето подрачје нѐ одбиваат бидејќи не се свесни дека нашата порака може да им го спаси животот. Кога одиме кај нив, тие можеби се зафатени (Мат. 24:37-39). Или, пак, имаат предрасуди затоа што чуле некои гласини за нас (Мат. 11:18, 19). Можеби си мислат дека не сме ништо поразлични од другите религии кои се познати по своите лоши плодови (2. Пет. 2:1, 2). Ако во почетокот станарот не е заинтересиран, не треба брзо да се откажеме.
Предлог за месецот:
Откако некој станар ќе го прекине разговорот со некој приговор и ќе си заминете, дискутирај со твојот соработник како сте можеле подобро да му одговорите.