ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • kr погл. 17 стр. 182-191
  • Обука за објавителите на Царството

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Обука за објавителите на Царството
  • Божјето Царство владее!
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • „Зборувам така како што ме научи Таткото“
  • Христовите следбеници се поучени да проповедаат
  • Браќата се обучени да вршат посебни одговорности
  • Теократски школи — доказ за Јеховината љубов
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Како Јеховините сведоци добиваат обука за службата што ја извршуваат?
    Најчесто поставувани прашања
  • Ги користиш ли сите можности да учиш од Јехова?
    Нашата служба за Царството 2011
  • Какви школи има за пионерите?
    Кој ја врши Јеховината волја денес?
Повеќе
Божјето Царство владее!
kr погл. 17 стр. 182-191

ПОГЛАВЈЕ 17

Обука за објавителите на Царството

ТЕМА НА ПОГЛАВЈЕТО

Теократските школи ги подготвуваат објавителите на Царството да ја вршат својата служба

1-3. Што презел Исус за да може добрата вест да се проповеда во уште поголема мера, и кои прашања се поставуваат?

ИСУС проповедал две години низ цела Галилеја. (Прочитај Матеј 9:35-38.) Одел во многу градови и села, каде што поучувал во синагогите и ја објавувал добрата вест за Царството. Секаде каде што проповедал, мноштвата се собирале околу него за да го слушаат. „Жетвата е голема“, рекол тој. Било очигледно дека има потреба од повеќе работници.

2 Затоа Исус презел чекори за да може добрата вест да се проповеда во уште поголема мера. Тој ги испратил своите 12 апостоли „да го проповедаат Божјето царство“ (Лука 9:1, 2). Тие веројатно имале многу прашања во врска со задачата што требало да ја извршат. Затоа, Исус со љубов им ја дал потребната обука. Тој добро знаел колку е важно ова бидејќи и самиот добил обука од својот небесен Татко.

3 Се поставуваат неколку прашања: Што научил Исус од својот Татко? Каква обука им дал тој на своите апостоли? Дали месијанскиот Цар и денес ги поучува своите следбеници да ја вршат службата? Ако да, на кој начин?

„Зборувам така како што ме научи Таткото“

4. Кога и каде Јехова го поучувал Исус?

4 Исус јасно кажал дека бил поучен од својот Татко. За време на својата служба, тој рекол: „Зборувам така како што ме научи Таткото“ (Јован 8:28). Кога и каде бил поучуван Исус? Очигледно, Јехова почнал да го поучува својот првороден Син веднаш откако го создал (Кол. 1:15). Додека бил на небото, Синот поминал неброени години слушајќи го и набљудувајќи го својот Татко — ,Најголемиот Учител‘ (Иса. 30:20). Тоа му помогнало да стекне неспоредливо спознание за особините, делата и намерите на својот небесен Татко.

5. Како Таткото го подготвил својот Син за службата која требало да ја изврши на Земјата?

5 Со текот на времето, Јехова го поучил својот Син и за службата што требало да ја врши на Земјата. Да видиме како Библијата го опишува односот меѓу Најголемиот Учител и неговиот првороден Син. (Прочитај Исаија 50:4, 5.) Исаија напишал дека Јехова го будел својот Син „секое утро“. Ова ни пренесува слика на учител кој рано наутро го буди својот ученик за да го поучува. Во еден библиски прирачник се вели: „Јехова, во симболична смисла, го носи Исус на училиште како да е ученик, и го поучува за што да проповеда и како да го прави тоа“. Во небесното „училиште“, Исус бил темелно подготвен за својата задача. Ова јасно се гледа од следните негови зборови: „Самиот Татко, кој ме испрати, ми даде заповед што да кажам и што да зборувам“ (Јован 12:49). Но, Таткото му објаснил и како да ги поучува другите.a Додека бил на Земјата, Исус добро го искористил знаењето што го стекнал за да ја изврши својата служба, но и за да ги поучи своите следбеници да ја вршат нивната служба.

6, 7. а) Какви упатства им дал Исус на своите апостоли, и за што ги подготвил со тоа? б) Каква обука им обезбедил Исус на своите следбеници во нашево време?

6 Каква обука им дал Исус на своите апостоли? Според Матеј, поглавје 10, тој им дал конкретни упатства за службата. На пример, ги поучил каде да проповедаат (стихови 5, 6), која порака да ја пренесуваат (стих 7), колку е важно да имаат доверба во Јехова (стихови 9, 10), како да им пристапуваат на луѓето (стихови 11-13), како да постапат ако некој ги одбие (стихови 14, 15) и што да прават ако наидат на прогонство (стихови 16-23).b Овие јасни упатства ги подготвиле апостолите храбро да предводат во проповедничкото дело во првиот век од н.е.

7 А како е во нашево време? Исус, Царот на Божјето Царство, им ја доверил на своите следбеници најважната задача — да ја проповедаат добрата вест за Царството „по целиот свет, за сведоштво на сите народи“ (Мат. 24:14). Дали нашиот небесен Цар нѐ подготвил за оваа значајна задача? Да! Тој се погрижил неговите следбеници да научат да проповедаат и да извршуваат посебни одговорности во собранието.

Христовите следбеници се поучени да проповедаат

8, 9. а) Која беше главната цел на Теократската школа за служба? б) Како Теократската школа за служба ти помогнала уште поделотворно да проповедаш?

8 Јеховината организација веќе долго време ги обучува вистинските христијани да проповедаат, давајќи им поуки на собирите, на конгресите и на собраниските состаноци, како што е Состанокот за нашата служба. Но, од 1940-тите, браќата од главното седиште почнале да основаат и различни школи. Целта на овие школи е Божјите слуги да се оспособат на уште подобар начин да ја извршуваат својата главна задача.

9 Теократска школа за служба. Како што видовме во претходното поглавје, оваа школа била основана во 1943 год. Дали нејзината цел била само да ги поучи учесниците да држат добри говори на собраниските состаноци? Не. Главната цел на оваа школа отсекогаш била да ги поучи Божјите слуги да го користат дарот на говор за да го фалат Јехова во службата на проповедање (Пс. 150:6). Таа им помогна на сите браќа и сестри кои имаа учество во неа уште поделотворно да ја објавуваат веста за Царството.

10, 11. Кој може денес да присуствува на Школата Гилеад, и која е целта на наставната програма?

10 Библиска школа Гилеад. Оваа школа почнала да се одржува во понеделник, на 1 февруари 1943 год. Во почетокот, целта била да се обучат пионери и други полновремени објавители за да служат како мисионери во различни делови на светот. Но, од октомври 2011 год., на Гилеад можат да присуствуваат само браќа и сестри кои веќе се во некој вид специјална полновремена служба — специјални пионери, патувачки надгледници со своите сопруги, бетелски слуги и мисионери на подрачјето што сѐ уште не биле на оваа школа.

11 Која е целта на нејзината наставна програма? Еден долгогодишен инструктор вели: „Целта е да им се зајакне верата на учесниците со тоа што темелно ќе ја проучуваат Божјата Реч, и да им се помогне да ги развијат потребните христијански особини за да можат успешно да се справат со предизвиците кои ги очекуваат на нивната задача. Освен тоа, една од главните цели на наставата е да им всади желба со уште поголема ревност да ја извршуваат службата на проповедање“ (Еф. 4:11).

12, 13. Какво влијание имала Школата Гилеад врз проповедањето низ целиот свет? Наведи пример.

12 Како влијаела Школата Гилеад врз проповедањето низ целиот свет? Од 1943 год. наваму, оваа школа ја посетиле повеќе од 8.500 браќа и сестри,c кои биле испратени да служат како мисионери во повеќе од 170 земји. Низ годините, мисионерите добро ја искористиле својата обука. Тие дале прекрасен пример со својата ревност во службата, а им помогнале и на другите да проповедаат на сличен начин. Во многу случаи, токму мисионерите ја прошириле добрата вест на подрачја каде што пред тоа немало речиси ниту еден објавител на Царството.

13 Да видиме што се случило во Јапонија, каде што организираното проповедање речиси целосно замрело во текот на Втората светска војна. Во август 1949 год., таму немало ни 10 објавители. Но, до крајот на годината, во таа земја биле испратени 13 мисионери од Гилеад кои почнале ревносно да проповедаат. По нив дошле уште многу други мисионери. Во почетокот, тие сведочеле главно во поголемите градови, но подоцна продолжиле да проповедаат и во други места. Мисионерите сесрдно им ја препорачувале пионерската служба и на другите објавители и на своите интересенти. Нивната ревност и труд родиле богат плод. Денес во Јапонија има повеќе од 216.000 објавители на Царството, а речиси 40 отсто од нив се во пионерска служба!d

14. За што се доказ теократските школи? (Види ја и рамката „Теократски школи“.)

14 Други теократски школи. Школата за пионери, Библиската школа за брачни парови и Библиската школа за неженети браќа им помогнале на учесниците да напредуваат во духовен поглед и ревносно да предводат во проповедањето.e Сите овие теократски школи се јасен доказ дека нашиот Цар потполно ги оспособил своите следбеници да ја извршуваат својата служба (2. Тим. 4:5).

Браќата се обучени да вршат посебни одговорности

15. Во кој поглед именуваните браќа се трудат да го следат примерот на Исус?

15 Сети се на споредбата на Исаија во која беше спомнато дека Јехова го поучувал својот Син. Додека бил со својот Татко на небото, Исус научил ,што да му каже на уморниот‘ (Иса. 50:4). Кога бил на Земјата, тој постапувал во склад со таа поука, и ги закрепнувал оние што биле „изморени и оптоварени“ (Мат. 11:28-30). Следејќи го неговиот пример, браќата кои имаат одговорни задачи се трудат да ги охрабруваат и зајакнуваат своите соверници. Токму за таа цел биле основани различни школи кои им помагаат на именуваните браќа уште подобро да им служат на сохристијаните.

16, 17. Која е целта на Школата за именувани браќа? (Види ја и фуснотата.)

16 Школа за именувани браќа. Оваа школа почнала да се одржува на 9 март 1959 год., во Саут Ленсинг (Њујорк). На оваа едномесечна обука биле поканети патувачки надгледници и слуги на собранијата (кои сега се нарекуваат координатори на старешинствата). Подоцна наставната програма била преведена од англиски на други јазици, и постепено браќата низ целиот свет можеле да ја добијат истата обука.f

Лојд Бери поучува на Школата за именувани браќа во Јапонија (1970)

Брат Лојд Бери поучува на Школата за именувани браќа во Јапонија (1970)

17 Целта на оваа школа била опишана во Годишникот на Јеховините сведоци за 1962. Таму пишувало: „И покрај брзото темпо на живот, надгледникот во собранието на Јеховините сведоци мора да си ги планира обврските така што ќе може да им помага и да им посвети соодветно внимание на сите во собранието. Сепак, не смее да си го запостави семејството поради теократските одговорности, односно мора да биде разумен. Слугите на собранијата од целиот свет имаат прекрасна можност да присуствуваат на Школата за именувани браќа и да ја добијат обуката која им е потребна за да го прават токму тоа што според Библијата се очекува од нив!“ (1. Тим. 3:1-7; Тит 1:5-9).

18. Како Школата за именувани браќа влијае позитивно врз целиот Божји народ?

18 Школата за именувани браќа влијае позитивно врз целиот Божји народ. На кој начин? Кога го применуваат она што го научиле на школата, старешините и слуга-помошниците се вистинско духовно освежување за своите соверници исто како што бил Исус. Зарем не сме среќни кога некој грижлив старешина или слуга-помошник ќе ни каже убав збор, сочувствително ќе нѐ сослуша или ќе нѐ посети за да нѐ охрабри? (1. Сол. 5:11). Таквите браќа се вистински благослов за собранијата!

19. Кои други школи ги надгледува Одборот за поучување, и која е нивната цел?

19 Други теократски школи. Одборот за поучување на Водечкото тело надгледува и други школи во кои се обучуваат браќата што вршат одговорни задачи во организацијата. Целта на школите е да им помогне на тие браќа — собраниските старешини, патувачките надгледници и членовите на Одборите на подружниците — уште подобро да ги извршуваат своите бројни задолженија. Овие школи ги поттикнуваат учесниците секогаш да се трудат да бидат духовно јаки и да ги применуваат библиските начела додека се грижат за скапоцените овци кои им ги доверил Јехова (1. Пет. 5:1-3).

Првиот клас на Школата за организациско оспособување во Малави

Првиот клас на Школата за организациско оспособување во Малави (2007)

20. Зошто Исус можел да каже дека сите ние сме „поучени од Јехова“, и што си решен да правиш?

20 Месијанскиот Цар навистина се погрижил неговите следбеници да бидат добро обучени за службата која им е доверена. Изворот на поуката е самиот Јехова — тој го поучил својот Син, а Синот ги поучува своите следбеници. Затоа Исус со право кажал дека сите сме „поучени од Јехова“ (Јован 6:45; Иса. 54:13). Да бидеме решени да ги прифатиме сите поуки што ни ги дава нашиот Цар. И никогаш да не заборавиме дека главна цел на сета таа обука е да ни помогне да останеме духовно јаки за потполно да ја извршиме нашата служба.

a Од каде знаеме дека Таткото го научил својот Син како да поучува? Размисли за следново: Со тоа што често поучувал со споредби, Исус исполнил едно пророштво кое било запишано со векови пред да се роди (Пс. 78:2; Мат. 13:34, 35). Очигледно Јехова, кој го дал тоа пророштво, однапред одредил неговиот Син да поучува со споредби (2. Тим. 3:16, 17).

b Неколку месеци подоцна, Исус ,одредил седумдесетмина други и ги испратил двајца по двајца‘ да проповедаат. И ним им дал јасни упатства (Лука 10:1-16).

c Некои браќа и сестри присуствувале неколку пати на Школата Гилеад.

d Повеќе информации за влијанието на мисионерите од Гилеад врз ширењето на добрата вест низ целиот свет има во книгата Јеховини сведоци — објавители на Божјето Царство, поглавје 23.

e Библиските школи за брачни парови и за неженети браќа беа заменети со Школата за полновремени објавители.

f Денес сите старешини ја посетуваат Школата за именувани браќа. Таа може да биде со различно времетраење и се одржува на неколку години. Од 1984 год. наваму, и слуга-помошниците добиваат обука на оваа школа.

Колку е цврста твојата вера во Божјето Царство?

  • За што бил поучен Исус од својот Татко?

  • Како Царот ги обучил своите следбеници да проповедаат?

  • Како одговорните браќа добиваат обука за да ги вршат своите задачи?

  • Како можеш да покажеш дека си благодарен за обуката што ни ја дава Царот?

ТЕОКРАТСКИ ШКОЛИ

НАШИОТ ЖИВОТ И СЛУЖБА КАКО ХРИСТИЈАНИ

Цел: Да ги обучи објавителите делотворно да ја проповедаат добрата вест и да поучуваат.

Колку трае: Континуирано (се одржува секоја седмица).

Каде се одржува: Во салите на Јеховините сведоци.

Кој може да учествува: Сите кои редовно доаѓаат на состаноци, кои ги прифаќаат библиските учења и кои живеат во склад со христијанските начела. Ако сакаш да учествуваш, зборувај со надгледникот на состанокот Нашиот живот и служба како христијани.

Како ни користи: Овој состанок ни помага да научиме да истражуваме и логично да ги изнесуваме информациите. Исто така, учиме да ги слушаме другите и да се грижиме и за нивните духовни потреби, а не само за своите.

Арни, долгогодишен патувачки надгледник, вели: „Уште од мал имав говорна маана и ми беше тешко да ги гледам луѓето во очи. Овој [состанок] ми помогна да стекнам поголема самодоверба и самопочит. Со Јеховина помош и преку советите кои ги добивав, научив подобро да се концентрирам и правилно да дишам за да не пелтечам. Многу сум среќен што можам да го славам Бог во собранието и во службата“.

Млад објавител чита од Библијата во Теократската школа за служба

ШКОЛА ЗА СОБРАНИСКИ СТАРЕШИНИg

Цел: Да им помогне на старешините да ја продлабочат својата духовност и да се грижат за своите одговорности во собранието.

Колку трае: Пет дена.

Каде се одржува: За тоа одлучува подружницата; обично во некоја сала за состаноци или во конгресна сала.

Кој може да учествува: Старешините кои се поканети од подружницата.

Како ни користи: Еве што рекле некои браќа кои присуствувале на 92. клас од оваа школа во Патерсон (Њујорк, САД):

„Извлеков голема корист од школата. Таа ми помогна да се преиспитам и да видам како можам подобро да се грижам за Јеховините овци“.

„Никогаш нема да ја заборавам обуката што ја добив на оваа школа!“

ШКОЛА ЗА ПИОНЕРИ

Цел: Да им помогне на пионерите ,потполно да ја извршат својата служба‘ (2. Тим. 4:5).

Колку трае: Шест дена.

Каде се одржува: За тоа одлучува подружницата; обично во некоја сала за состаноци.

Кој може да учествува: Оние што биле општи пионери најмалку една година автоматски се запишани во оваа школа и добиваат известување за тоа од својот покраински надгледник. Некои долгогодишни пионери кои не биле на оваа школа во последните пет години можат повторно да бидат поканети.

Како ни користи: „Оваа школа ми помогна да се справам со тешкотиите во службата и во животот“, вели Лили. „Научив како подобро да проучувам, да проповедам и да ја користам Библијата. Сега можам повеќе да им помагам на другите, да ги поддржувам старешините и да дадам поголем придонес во собранието“.

Бренда, која била двапати на оваа школа, вели: „Школата ми помогна потполно да се внесам во духовните работи, да си ја изострам совеста и уште повеќе да се трудам да им помагам на другите. Јехова е навистина великодушен!“

ШКОЛА ЗА НОВИ БЕТЕЛСКИ СЛУГИ

Цел: Да им помогне на новите членови на бетелското семејство успешно да ја вршат својата служба.

Колку трае: Четири дена, по четири часа секој ден.

Каде се одржува: Во Бетел.

Кој може да учествува: Постојаните членови на бетелското семејство, како и привремените доброволци кои служат во Бетел најмалку една година.

Како ни користи: Димитрис, кој учествувал на оваа школа во 1980-тите, вели: „Школата ми помогна да ги подобрам своите навики на проучување и ме подготви за долгогодишна бетелска служба. Инструкторите, како и предавањата и практичните совети, ме уверија дека Јехова се грижи за мене и дека сака радосно да му служам во Бетел“.

ШКОЛА ЗА ПОЛНОВРЕМЕНИ ОБЈАВИТЕЛИh

Цел: Да ги оспособи оние што се во полновремена служба (брачни парови, како и браќа и сестри што не се во брак) да му служат на Јехова и на неговата организација во поголема мера. Мнозина од оние што ќе ја завршат оваа школа ќе добијат задача да служат во својата земја, во места каде што има поголема потреба од објавители. Оние што се помлади од 50 години можат да бидат испратени како привремени специјални пионери за да го започнат или да го прошират делото на проповедање на оддалечени подрачја.

Колку трае: Два месеца.

Каде се одржува: За тоа одлучува подружницата; обично во некоја сала за состаноци или во конгресна сала.

Една сестра во служба на проповедање

Теократската обука им е од голема помош на браќата и сестрите

Кој може да учествува: Браќа и сестри на возраст од 23 до 65 години, кои се во полновремена служба и имаат добро здравје, и кои можат да служат секаде каде што е потребно. Тие треба да го имаат ставот на Исаија, кој рекол: „Еве ме мене, испрати ме мене!“ (Иса. 6:8). Сите што присуствуваат на оваа школа (браќата и сестрите кои не се во брак, како и брачните парови) мора да се во полновремена служба најмалку две години континуирано. Брачните парови мора да се во брак најмалку две години. Браќата мора да се старешини или слуга-помошници најмалку две години континуирано. Ако ваква школа се одржува на територијата што ја надгледува вашата подружница, на регионалниот конгрес ќе се одржи состанок за заинтересираните.

Како ни користи: Оние што присуствуваа на Библиската школа за неженети браќа и Библиската школа за брачни парови изразија големо ценење за обуката. Во 2013 год., Водечкото тело одобри овие две школи да се спојат во една која се вика Школа за полновремени објавители. Сега на оваа школа можат да одат и многу други верни пионери, меѓу кои и немажените сестри.

БИБЛИСКА ШКОЛА ГИЛЕАД

Цел: Да ги оспособи учесниците да служат како покраински надгледници, мисионери на подрачјето или бетелски слуги. Обуката треба да им послужи да ги зајакнат собранијата и да помогнат подобро да се организира службата на проповедање и активностите на подружниците.

Колку трае: Пет месеци.

Каде се одржува: Во образовниот центар Патерсон (Њујорк).

Учениците од еден клас на Гилеад го слушаат својот инструктор

Еден клас на Гилеад (Патерсон, Њујорк)

Кој може да учествува: Браќа и сестри што не се во брак, како и брачни парови, кои веќе служат во некој облик на специјална полновремена служба — мисионери на подрачјето кои сѐ уште не биле на Гилеад, специјални пионери, бетелски слуги или покраински надгледници со нивните сопруги. Одборот на подружницата одлучува кои од нив можат да предадат молба. Сите мора добро да зборуваат и да пишуваат англиски.

Како ни користи: Леид и Моника, брачен пар од САД, служат како мисионери веќе неколку години.

Леид вели: „Школата Гилеад нѐ подготви да одиме на кое и да било место во светот, да ги засукаме ракавите и да соработуваме со нашите драги браќа“.

Моника додава: „Бидејќи го применувам она што го научив од Божјата Реч, службата ми носи голема радост. Таа радост ми е уште еден доказ за Јеховината љубов“.

ШКОЛА ЗА ИМЕНУВАНИ БРАЌА

Цел: Да ги оспособи покраинските надгледници, старешините и слуга-помошниците да го надгледуваат собранието и да се грижат за своите организациски одговорности (Дела 20:28). Се обрнува внимание на тековните ситуации, ставови и потреби на собранијата. Оваа школа се одржува на неколку години, како што ќе одреди Водечкото тело.

Колку трае: Во последниве неколку години, таа е со различно времетраење.

Каде се одржува: Обично во некоја сала за состаноци или во конгресна сала.

Кој може да учествува: Старешините и слуга-помошниците кои добиваат покана од покраинскиот надгледник. Покраинските надгледници ги поканува подружницата.

Како ни користи: „Иако на оваа школа се обработуваат многу информации за кратко време, таа им помага на старешините да ја зачуваат радоста и да ,се држат машки‘ во Јеховината служба. И новите и долгогодишните старешини учат делотворно да се грижат за стадото и да бидат обединети така што ќе размислуваат на ист начин“ (Квин).

„На школата добивме урамнотежени, практични совети што ни помогнаа да стекнеме уште подлабоко разбирање за духовните работи, да станеме свесни за некои опасности и уште подобро да се грижиме за стадото“ (Мајкл).

ШКОЛА ЗА ПОКРАИНСКИ НАДГЛЕДНИЦИ И НИВНИТЕ СОПРУГИi

Цел: Да им помогне на покраинските надгледници поделотворно да им служат на собранијата, ,марливо да говорат и поучуваат за Божјата Реч‘ и да се грижат како пастири за оние што им се доверени (1. Тим. 5:17; 1. Пет. 5:2, 3).

Колку трае: Еден месец.

Каде се одржува: За тоа одлучува подружницата.

Кој може да учествува: Покраинските надгледници и нивните сопруги добиваат покана од подружницата.

Како ни користи: „Уште подобро разбравме како Исус ја води организацијата. Сфативме колку е потребно да ги храбриме браќата на кои им служиме и да го зајакнуваме единството во секое собрание. Иако патувачкиот надгледник треба да дава совети а понекогаш и исправки, на школата беше нагласено дека неговата главна цел е да им помогне на браќата да сфатат дека Јехова ги сака“ (Џоел и Кони, прв клас, 1999 год.).

ШКОЛА ЗА ЧЛЕНОВИ НА ОДБОРИТЕ НА ПОДРУЖНИЦИТЕ И НИВНИТЕ СОПРУГИ

Цел: Да им помогне на браќата што служат во одборите на подружниците подобро да ги надгледуваат сите активности во Бетел, да донесуваат организациски одлуки кои ги засегаат собранијата и да ги надгледуваат покраините на своето подрачје (Лука 12:48б).

Колку трае: Два месеца.

Каде се одржува: Во образовниот центар Патерсон (Њујорк).

Кој може да учествува: Членовите на Одборот на подружницата или на Одборот на земјата и нивните сопруги добиваат покана од Одборот за служба на Водечкото тело.

Како ни користи: Лоел и Кара, присуствуваа на 25. клас. Тие сега служат во Нигерија.

„Школата ме потсети дека, без оглед колку сум зафатен или каква задача извршувам, можам да му угодам на Јехова само ако сум духовна личност“, вели Лоел.

Една мисла од школата ѝ оставила особено силен впечаток на Кара: „Ако не можам да објаснам нешто на едноставен начин, тогаш прво треба сама да ја проучам таа тема, а потоа да ги поучувам другите за неа“.

g Оваа школа сѐ уште не се одржува во секоја земја.

h Оваа школа сѐ уште не се одржува во секоја земја.

i Оваа школа сѐ уште не се одржува во секоја земја.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели