ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • jy погл. 82 стр. 192-стр. 193 пас. 4
  • Службата на Исус во Переја

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Службата на Исус во Переја
  • Исус — патот, вистината и животот
  • Сличен материјал
  • Исус повторно се упатува кон Ерусалим
    Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • ‚Сѐ уште не бил дојден Неговиот час‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • „Во деновите на цар Ирод“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • „Дојде часот!“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
Повеќе
Исус — патот, вистината и животот
jy погл. 82 стр. 192-стр. 193 пас. 4
Квачка ги собира своите пилиња под крилјата

ПОГЛАВЈЕ 82

Службата на Исус во Переја

ЛУКА 13:22 — 14:6

  • БИЛ ПОТРЕБЕН НАПОР ЗА ДА СЕ ВЛЕЗЕ НИЗ ТЕСНАТА ВРАТА

  • ИСУС ТРЕБАЛО ДА УМРЕ ВО ЕРУСАЛИМ

Некое време, Исус поучувал и лекувал во Јудеја и Ерусалим. Потоа отишол од другата страна на реката Јордан, во подрачјето Переја, и ги поучувал луѓето по градовите. Меѓутоа, за кратко време повторно требало да се врати во Ерусалим.

Еден човек се напрега со сите сили да влезе низ тесна врата

Додека бил во Переја, еден човек го прашал: „Господару, малцина ли се оние што ќе бидат спасени?“ Човекот можеби знаел дека меѓу верските водачи се воделе дебати за тоа дали ќе бидат спасени многу луѓе или, пак, само малку. Исус ја префрлил темата од тоа колкумина ќе бидат спасени на тоа што морало да прават за да бидат спасени. „Силно напрегајте се да влезете низ тесната врата“, им рекол тој. Значи, потребен бил напор. Зошто? Исус објаснил: „Мнозина, ви велам, ќе сакаат да влезат, но не ќе можат“ (Лука 13:23, 24).

За да им покаже зошто е важно да вложат толку голем труд, Исус им кажал еден пример: „Штом домаќинот ќе стане и ќе ја заклучи вратата, вие ќе останете надвор и ќе чукате на вратата, велејќи: ‚Господине, отвори ни!‘... А тој ќе ви рече: ‚Не ве познавам. Бегајте од мене, сите вие што вршите неправда!‘“ (Лука 13:25-27).

Тој пример покажал во каква ситуација се нашле оние што дошле доцна — очигледно во време што лично ним им одговарало — и наишле на заклучена врата. Иако тоа не им одговарало, тие требало да дојдат порано. Истото било случај и со многумина што имале можност да извлечат корист од поучувањето на Исус, кој сѐ уште бил меѓу нив. Тие пропуштиле да ја искористат приликата да живеат за да му служат на вистинскиот Бог. Повеќето од оние кај кои Исус бил испратен не ја искористиле приликата да го прифатат спасението што Бог им го овозможил преку Исус. Затоа Исус рекол дека ќе ‚плачат и ќе чкртаат со забите‘ кога ќе бидат исфрлени надвор. Но, луѓе „од исток и од запад, од север и од југ“, односно луѓе од сите народи, ‚ќе седнеле на трпезата во царството Божје‘ (Лука 13:28, 29).

Потоа Исус објаснил: „Има последни [како, на пример, не-Евреите и обесправените Евреи], кои ќе бидат први, и има први [верските водачи кои се гордееле што биле потомци на Авраам], кои ќе бидат последни“ (Лука 13:30). Тоа што таквите неблагодарни луѓе ќе биле „последни“ значело дека воопшто немало да бидат во Божјето Царство.

Тогаш кај Исус дошле фарисеи и му рекле: „Излези и оди си одовде, зашто Ирод [Антипа] сака да те убие!“ Можно е самиот цар Ирод да раширил такви гласини за Исус да си замине од таа област. Можеби се плашел да не биде вмешан во смртта на уште еден пророк откако го убил Јован Крстител. Но, Исус им одговорил на фарисеите: „Одете и кажете ѝ на таа лисица: ‚Еве, истерувам демони и лекувам денес и утре, а на третиот ден ќе завршам со работата‘“ (Лука 13:31, 32). Исус најверојатно го нарекол Ирод „лисица“ затоа што лисиците се итри животни. Како и да било, Исус не дозволувал ниту Ирод ниту кој и да било друг да му кажува што да прави и кога да го прави тоа. Бил решен да ја изврши задачата што му ја дал неговиот Татко според временскиот распоред што го одредил Бог, а не некој човек.

Исус го продолжил својот пат кон Ерусалим бидејќи, како што кажал самиот: „Не прилега пророк да биде погубен надвор од Ерусалим“ (Лука 13:33). Во ниту едно библиско пророштво не пишувало дека Месијата требало да умре во Ерусалим. Тогаш, зошто Исус рекол дека ќе биде убиен таму? Затоа што Ерусалим бил главниот град, во кој се наоѓал еврејскиот врховен суд — Судскиот совет, кој се состоел од седумдесет и еден член — каде што им се судело на оние што биле обвинети дека се лажни пророци. Освен тоа, во Ерусалим се принесувале животинските жртви. Затоа, Исус знаел дека не би било соодветно да биде погубен на друго место.

Квачка ги собира своите пилиња под крилјата

Исус натажено рекол: „Ерусалиме, Ерусалиме, ти кој ги убиваш пророците и ги каменуваш оние што се испратени кај тебе! Колкупати сакав да ги соберам твоите деца, како што квачка ги собира своите пилиња под крилјата, но вие не сакавте! Еве, вашиот дом се напушта и ви се остава вам“ (Лука 13:34, 35). Народот го отфрлил Божјиот Син и затоа ќе ги сносел последиците!

Пред Исус да стигне во Ерусалим, еден фарисејски поглавар го поканил на ручек во сабота. Другите гости внимателно набљудувале што ќе направи Исус со еден човек што бил таму и имал водена болест (состојба при која се собира вода во организмот, најчесто во нозете). Исус ги прашал фарисеите и оние што добро го познавале Законот: „Дозволено ли е да се лекува во сабота или не е?“ (Лука 14:3).

Никој не проговорил ни збор. Тогаш Исус го излекувал човекот, па ги прашал: „Ако некому од вас му падне синот или бикот в бунар, нема ли веднаш да го извлече и во саботен ден?“ (Лука 14:5). Повторно никој немал одговор на неговото логично прашање.

  • Како што кажал Исус, што било потребно за некој да се спаси, и зошто за многумина вратата ќе била заклучена?

  • Кои биле ‚последните‘ што ќе станеле „први“, а кои биле ‚првите‘ што ќе станеле „последни“?

  • Од што можеби се плашел царот Ирод?

  • Зошто Исус рекол дека ќе биде убиен во Ерусалим?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели