ЛЕКЦИЈА 10
Модулација
Дела 16:28
ЦЕЛ: Пренеси ги мислите јасно и менувај ги јачината и висината на гласот, како и темпото со кое зборуваш, за да побудиш емоции кај оние што те слушаат.
КАКО ДА ГО ПОСТИГНЕШ ТОА:
Менувај ја јачината на гласот. Зборувај погласно за да ги истакнеш главните мисли и да ги мотивираш своите слушатели. Прави го ова и кога читаш некои осуди од Библијата. Зборувај потивко кога сакаш да предизвикаш исчекување кај слушателите, или да изразиш чувства на страв или загриженост.
Менувај ја висината на гласот. Зборувај со повисока интонација кога сакаш да изразиш воодушевеност. Зборувај со пониска интонација за да изразиш тага или загриженост.
Менувај го темпото со кое зборуваш. Зборувај побрзо кога раскажуваш некој возбудлив настан. Зборувај побавно кога истакнуваш важни мисли.