ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g01 8/5 стр. 3
  • Кога ќе настапи здравствена криза

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Кога ќе настапи здравствена криза
  • Разбудете се! 2001
  • Сличен материјал
  • Содржина
    Разбудете се! 2001
  • Фатени во вител на емоции
    Разбудете се! 2001
  • Може ли Библијата да ми помогне ако сум хронично болен?
    Одговор на библиски прашања
  • Како да живеете успешно со својата болест?
    Разбудете се! 2001
Повеќе
Разбудете се! 2001
g01 8/5 стр. 3

Кога ќе настапи здравствена криза

„Се чувствував како некој да ме удрил со голем чекан“ (Џон, откако дознал дека има болест која се влошува).

„Бев уплашена“ (Бет, откако сфатила колку е сериозен нејзиниот здравствен проблем).

ЕДНО од најболните искуства е да дознаете дека боледувате од хронична болест која води до инвалидност или дека по повредите што сте ги добиле во некој несреќен случај ќе имате трајни оштетувања. Без оглед на тоа дали ќе ја чуете веста за болеста во тивката лекарска ординација или, пак, директно ќе се соочите со својата влошена состојба во раздвижената соба за итни случаи, веројатно ќе Ви биде тешко да поверувате. Малку работи во животот Ве подготвуваат за тоа како да се справите со силните емоции кои ќе Ве обземат кога ќе бидете потресени од некоја страшна здравствена криза.

За да собере информации кои би можеле да им бидат од корист на оние чие здравје неодамна многу се влошило, Разбудете се! разговараше со повеќе лица од различни земји, кои многу години успешно се справуваат со некоја хронична болест која води до инвалидност. Ги замоливме да ни ги кажат своите забелешки во врска со прашања како што се: Со какви емоции се соочивте? Што Ви помогна да ја пребродите кризата и повторно да се вратите во рамнотежа? Кои чекори ги презедовте за повторно да стекнете контрола врз својот живот? Информациите од прва рака што ги добивме од овие интервјуа, како и некои откритија до кои дојдоа истражувачите кои ги изучуваат последиците од долготрајните болести, се изнесени во корист на оние кои моментално се соочуваат со некоја здравствена криза.a

[Фуснота]

a Оваа серија статии од насловната страница е наменета особено за оние кои се болни или инвалиди, но серијата „Хронични болести — како да се изборите како семејство“ (во српското издание на Разбудете се! од 22 мај 2000) содржеше информации кои беа наменети особено за оние кои се грижат за болните.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели