ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g01 8/12 стр. 8-9
  • Да се откријат корените

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Да се откријат корените
  • Разбудете се! 2001
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Депресијата и загубата
  • Биохемиската врска
  • Депресијата и семејната атмосфера
  • Депресија кај тинејџерите — што може да помогне?
    Разбудете се! 2017
  • Како можете да помогнете
    Разбудете се! 2001
  • Загрозена генерација
    Разбудете се! 2001
  • Вовед
    Разбудете се! 2017
Повеќе
Разбудете се! 2001
g01 8/12 стр. 8-9

Да се откријат корените

„Депресијата кај тинејџерите обично не се должи само на еден фактор туку на комбинација од причини што предизвикуваат стрес“ (д-р Кетлин Мекој).

ШТО е причина за депресија кај тинејџерите? Можат да бидат вклучени повеќе фактори. Како прво, физичките и емоционалните промени што настапуваат во пубертетот можат да ги исполнат младите со несигурност и страв, правејќи ги особено подложни на негативни расположенија. Исто така, тинејџерите честопати се подложни на негативни емоции кога се чувствуваат отфрлени од врсниците или од некој кон кого развиле романтични чувства. Исто така, како што е забележано во нашата уводна статија, денешните тинејџери растат во свет кој и самиот може да биде депресивен. Навистина живееме во ‚критични времиња со кои тешко се излегува на крај‘ (2. Тимотеј 3:1).

Проблемот станува уште посложен затоа што младите првпат се соочуваат со притисоците на животот и ги немаат ниту вештините ниту искуството на возрасните. Затоа, тинејџерите честопати стануваат како туристи што се пробиваат низ непозната територија — совладани од околината и, во многу случаи, неспремни да побараат помош. Овие услови можат да станат плодно тло за семето на депресијата.

Но, има уште многу други фактори што можат да придонесат за депресија кај тинејџерите. Да разгледаме само неколку.

Депресијата и загубата

Понекогаш депресија настапува по некоја длабока загуба — можеби смртта на некој сакан или загубата на едниот родител заради развод. Дури и смртта на домашното милениче може да предизвика очај кај тинејџерот.

Има и некои облици на загуба што не се толку очигледни. На пример, преселбата во ново соседство значи да се остави познатата околина и саканите пријатели. Дури и постигнувањето на некоја многу очекувана цел — како што е матурирањето — може да создаде чувства на загуба. И започнувањето нова фаза во животот вклучува загуба на удобноста и сигурноста што постоеле во минатото. Потоа, тука се младите што мора да поднесат некоја хронична болест. Во такви околности, болката што тинејџерот се разликува од своите врсници — или можеби дури е и игнориран од нив — може да создаде кај него чувство дека не е сосема нормален.

Точно, многу млади се соочуваат со загуба без таа сосема да ги сруши. Се растажуваат, плачат, жалат, оплакуваат — но со текот на времето се привикнуваат. Тогаш, зошто некои тинејџери подлегнуваат на болките на депресијата, иако повеќето од нив еластично ги издржуваат притисоците во животот? Не постои лесен одговор бидејќи депресијата е комплексно заболување. Сепак, некои тинејџери се поподложни на депресија.

Биохемиската врска

Многу специјалисти за ментално здравје сметаат дека биохемиската нерамнотежа во мозокот игра клучна улога во депресијата.a Ваквата нерамнотежа може да се пренесе генетички, затоа што истражувачите откриле дека кај тинејџерите со родител што страда од депресија постои поголема веројатност и самите да ја развијат таа болест. „Депримираните деца почесто имаат барем еден родител што исто така страда од депресија“, вели книгата Lonely, Sad and Angry (Осамен, тажен и лут).

Ова го покренува прашањето ‚Дали децата навистина наследуваат депресија или едноставно учат да бидат депримирани затоа што живеат со заболен родител?‘ ‚Прашањето на природата против воспитанието‘ е тешко да се одговори, бидејќи мозокот е неверојатно комплексен, како што е случај и со многу други фактори што придонесуваат за депресија кај тинејџерите.

Депресијата и семејната атмосфера

Депресијата е наречена семејна работа, и тоа со добра причина. Како што веќе забележавме, можеби има некоја генетичка компонента што ја пренесува склоноста кон депресија од една на друга генерација. Но, и семејната атмосфера може да игра улога. „Кај децата што се малтретирани од родителите постои голем ризик да се појави депресија“, пишува д-р Марк С. Голд. „Истото е случај и кај децата чии родители се премногу критични и се сосредоточуваат на недостатоците на своите деца.“ Депресија може да настапи и кога родителите ги разгалуваат и премногу ги заштитуваат децата. Меѓутоа, интересно е тоа што еден истражувач открил дека кај децата има поголема склоност кон депресија дури и кога родителите едноставно не покажуваат доволно интерес за нив.

Меѓутоа, ова не значи дека сите депримирани тинејџери се жртви на лошо родителство. Ваквото обопштено тврдење би ги игнорирало мноштвото други фактори што можат да придонесат за овој проблем. Сепак, во некои случаи семејната атмосфера е клучен дел на равенката. „Кај децата што живеат во домови каде што има постојана напнатност меѓу родителите постои поголем ризик да се појави депресија отколку кај децата што живеат во атмосфера со помалку проблеми“, пишува д-р Дејвид Џ. Фаслер. „Една причина е тоа што скараните родители толку се внесуваат во своите расправии што ги запоставуваат потребите на своите деца. Друга причина е тоа што родителите честопати ги ставаат своите деца во фокусот на своите караници, заради што младите може да се чувствуваат виновни, лути и огорчени.“

Ова се само некои фактори што можат да придонесат за депресија кај тинејџерите. Има и други. На пример, некои експерти велат дека факторите на средината (како што се лошата исхрана, токсините и зависноста од супстанции) можат да бидат причина за депресија. Други, пак, истакнуваат дека можеби имаат влијание и извесни лекови (како што се некои антихистамини и средства за смирување). Исто така, изгледа дека децата што имаат проблеми со учењето се особено склони кон депресија, веројатно затоа што нивната самопочит се намалува кога ќе сфатат дека не можат да држат чекор со своите соученици.

Меѓутоа, без оглед на причината, неопходно е да се разгледа прашањето ‚Како може да им се помогне на депримираните тинејџери?‘

[Фуснота]

a Некои се сомневаат дека, иако многу заболени се раѓаат со таква нерамнотежа, други на почетокот се здрави, но стануваат подложни на депресија кога некој трауматичен настан ќе ја промени хемијата во мозокот.

[Слики на страници 8 и 9]

Напнатоста во семејството честопати е катализатор за депресија

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели