ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g02 8/4 стр. 22
  • Англиската црква — разделен дом

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Англиската црква — разделен дом
  • Разбудете се! 2002
  • Сличен материјал
  • Зошто црквата го губи влијанието?
    Разбудете се! 1996
  • Католичката црква во Африка
    Разбудете се! 1995
  • Отпадништво — патот до Бог е препречен
    Потрагата на човештвото по Бог
Разбудете се! 2002
g02 8/4 стр. 22

Англиската црква — разделен дом

ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

ВО 1998, во близина на 900-годишната катедрала во Кантербери, се одржа тринаесеттата ламбертска конференција на Англиската црква. Обраќајќи им се на присутните на оваа конференција, бискупот Вилијам Е. Свинг ја даде следнава силна забелешка: „Религијата мора да престане да биде проблем и мора да почне да дава решенија. Ако нема мир меѓу религиите, никогаш нема да има мир ни меѓу нациите“.

Поделбата што постои меѓу религиите е многу очигледна, како што е очигледна и поделбата меѓу парохјаните и свештениците од иста религија. Еден бискуп одбил да присуствува на оваа конференција, која почнувајќи од 1948 се одржува на секои десет години, затоа што биле присутни и жени бискупи. Некои што присуствуваа не сакаа да учествуваат во библиски дискусии со овие жени.

Додека прашањето за ординирање на жените доминираше со програмата на конференцијата од 1988, во 1998 главна тема на полемика беше хомосексуалноста. На крајот, бискупите донесоа одлука дека хомосексуалноста е „небиблиска“. Што беше причина за оваа одлука?

Еден фактор можеби е тоа што англиканците многу сакаа да ги зајакнат односите со Римокатоличката црква. Исто така, тие сфатија дека нивната црква не може да очекува дијалог помеѓу овие две организации ако продолжат да „го одобруваат хомосексуалното свештенство“. Друга скриена причина за ваквата одлука можеби беше стравот од исламот. Да се усвои резолуција со која се прифаќаат свештениците хомосексуалци би било, како што рекле африканските бискупи, „самоубиство на евангелизмот“ во исламските земји.

Во врска со една друга спорна тема на оваа конференција, The Sunday Telegraph извести: „Во некои делови на Африка, главен проблем со кој се соочуваат мисионерите е полигамијата“. Размислувајќи за дилемата со која се соочуваат англиканците во Африка, еден бискуп забележал: „Ако некој даде огромен прилог за црквата но има повеќе жени, што прават бискупите?“ Зборувајќи за предвидливиот исход на оваа дебата, The Times од Лондон известил: „Англиканските бискупи нема да кажат ниту збор за полигамијата“.

За првпат англиканските бискупи дебатираа за нивниот однос со исламот. „Има длабоко вкоренета омраза меѓу христијаните и муслиманите во Нигерија“, известил бискупот од Кадуна (Нигерија), тврдејќи дека во верските конфликти во неговата земја се изгубени повеќе од 10.000 животи. Беше речено дека само со поголема информираност за исламот може да се спречи света војна во Африка.

Што им претстои на оние 70 милиони луѓе во светот кои, според едно дискутабилно тврдење, се членови на Англиканската црква?a Ситуацијата не е охрабрувачка бидејќи, како што известува The Times: „Конференцијата зачуди многу набљудувачи и учесници затоа што на моменти повеќе личеше на политички собир на некоја партија отколку на христијанска црква што се собрала за молитва“.

Не изненадува тоа што The Sunday Times заклучи дека ‚омразата и негативните чувства беа обележје на овој собир‘.

[Фуснота]

a Оваа цифра од 70 милиони „звучи импресивно“, вели The Times, но „она што ретко се наведува е дека 26 милиони од нив се од Англиската црква. Овде [во Англија] едвај еден милион луѓе одат во црква, а останатите се само номинални англиканци“.

[Слика на страница 22]

Катедралата во Кантербери, стара 900 години

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели