ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g05 8/5 стр. 8-11
  • Каква иднина ѝ претстои на медицината?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Каква иднина ѝ претстои на медицината?
  • Разбудете се! 2005
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Проверени медицински докази
  • Што го уверило овој лекар?
  • ‚Тоа многу ми се допадна‘
  • „Библиските начела ни помогнаа како семејство“
  • Лекари под стрес
    Разбудете се! 2005
  • Лекарите некогаш и денес
    Разбудете се! 2005
  • Јехова ќе те поткрепи
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Близу е чудотворното лекување на човештвото
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
Разбудете се! 2005
g05 8/5 стр. 8-11

Каква иднина ѝ претстои на медицината?

ПРАШАЊЕТО во врска со иднината на лекарите честопати се поврзува со напредокот на технологијата, но и со тоа дали овој напредок ќе ги ослободи од рутинските задачи за да можат повеќе лично да им се посветат на пациентите. Се разбира, иднината на лекарите е тесно поврзана и со поширокото прашање за иднината на целото човештво. Од две библиски книги, кои зборуваат за животот на Исус и на неговите апостоли, можеме да дознаеме нешто повеќе за таа иднина. Обете книги ги напишал лекар.

Зошто би требало да нѐ интересира како гледал еден лекар на настаните од времето на Исус и апостолите? Каква врска имаат неговите извештаи со иднината на лекарите и на пациентите? Зошто некои лекари со душа го чекаат времето кога луѓето повеќе нема да имаат потреба од нивната професија?

Лекарите обично имаат добра моќ на забележување. Лука, наречен „љубениот лекар“, напишал две библиски книги во кои дава детален опис на здравствената состојба на некои од луѓето што биле излекувани од Исус и од неговите апостоли (Колошаните 4:14). На тој начин Лука ни помага да го добиеме одговорот на следните две прашања: Дали овие работи навистина се случиле? И ако се случиле, што значи ова за докторите и за пациентите денес?

Проверени медицински докази

Лука имал прилика да разговара со очевидци на тие лекувања и така да се увери дека навистина се работело за чуда. Освен тоа, често патувал со апостол Павле, и веројатно бил присутен кога Павле излекувал некои луѓе. Додека ги разгледуваме извештаите од овој лекар за две такви лекувања, забележете колку многу детали содржат тие.

Лука го наведува времето, датумот и местото на настанот. Било полноќ, во првиот ден од седмицата. Група христијани биле собрани во една соба на третиот кат, во Троада, во римската провинција Азија (Дела 20:4-8). Следува детален опис на она што се случило: „Едно момче по име Ефтих, кое седеше на прозорецот, потона во длабок сон додека Павле и понатаму зборуваше и, совладано од сонот, падна од третиот кат и го подигнаа мртов“. Користејќи ја моќта што му ја дал Бог, Павле му ги исцелил раните на момчето и го вратил во живот. Откако вечерале, ‚го одвеле живо и неизмерно се утешиле‘ (Дела 20:9-12).

Лука известува дека бил со Павле и на Малта. Таму гостољубиво ги примил Публиј, „водечкиот човек“ на островот, и во таа прилика Павле направил уште едно чудо. Излекувал човек што лесно можел да умре затоа што во тоа време сѐ уште немало антибиотици. Лука раскажува: ‚Таткото на Публиј лежеше измачуван од треска и дизентерија, и Павле влезе кај него и се помоли, ги положи рацете на него и го излекува. Откако се случи тоа, и другите луѓе од островот кои имаа болести почнаа да доаѓаат кај него и беа излекувани“ (Дела 28:7-9).

Што го уверило овој лекар?

Лука ги напишал овие извештаи од книгата Дела на апостолите во време кога неговите читатели сѐ уште можеле да ја проверат точноста на напишаното доколку разговарале со луѓето кои биле вклучени во тие настани. Во врска со она што го изнел во библиската книга која го носи неговото име, Лука пишува: „Сите работи од почеток ги испитав со точност . . . за да ја знаеш во потполност сигурноста на работите“ (Лука 1:3, 4). Она што овој лекар го видел и го истражил го уверило дека учењата на Исус се вистинити. Чудотворните лекувања биле дел од тие учења затоа што дале основа да се има доверба во библиското пророштво дека еден ден Бог ќе ги отстрани сите болести (Исаија 35:5, 6). Како лекар што постојано гледал како луѓето страдаат, Лука сигурно неизмерно се радувал додека размислувал за времето кога никој нема да има потреба од лекар. Зарем ова не Ви звучи привлечно и Вам?

Интересно е што токму ваква иднина им претстои на оние што го сакаат Бог, без оглед на тоа каде живеат на Земјината топка. Библијата ветува дека под Божјето Царство „ниеден жител нема да рече: ‚Болен сум!‘“ (Исаија 33:24). Многу лекари денес заклучиле дека овие библиски ветувања се веродостојни.

‚Тоа многу ми се допадна‘

„Како што е случај со повеќето лекари, и јас решив да студирам медицина за да им помагам на болните“, вели д-р Џон Шилер, лекар од општа пракса од Северна Америка. „Надежта за живот во еден свет без болести многу ми се допадна. Почнав да одам на состаноци кај Јеховините сведоци откако на факултет слушав предавања за историјата на западната цивилизација. Од часовите научив дека религиите биле главна причина за многу проблеми, па имав впечаток дека тие ја користат лицемерно и Библијата. Почнав да се прашувам што навистина пишува во неа.

Во Салата на Царството на Јеховините сведоци, веднаш ми се допадна тоа што луѓето беа срдечни и многу попријатни од повеќето други што ги познавав. Еден Сведок ми пристапи и се понуди да ме посети за да разговараме за Библијата. Во текот на тие разговори, на секое мое прашање тој ми покажуваше одговор од Библијата, и тоа ми остави многу силен впечаток.

Како што стареам, сѐ повеќе го ценам тоа што сум Јеховин сведок. Кога почнуваш да работиш како лекар, се надеваш дека навистина ќе направиш нешто вредно во животот. Но, честопати среќавам разочарани луѓе што сметаат дека не го постигнале ова. Но ние, како Јеховини сведоци, имаме надеж за иднината и имаме смисла во животот, а тоа е повредно од сѐ друго. Било да сме лекари, механичари или чистачи, знаеме дека нашата служба за Бог е навистина нешто вредно, и знаеме дека го правиме тоа за Јехова, а тоа носи вистинско задоволство“.

„Библиските начела ни помогнаа како семејство“

Д-р Кристер Ренвал е лекар од Финска, и тој ужива да разговара со деца. „Еден ден зборував со 12-годишно девојче кое беше неизлечливо болно од рак“, вели тој. „Тоа ми ја даде книгата Вистински мир и сигурност — од кој извор?a (True Peace and Security—From What Source?). Иако верата што ја покажа ова девојче во текот на својата смртоносна болест ми остави силен впечаток, не најдов време да ја прочитам книгата. Всушност, во тој период бев толку зафатен на една клиника во Хелсинки, што работата многу лошо се одрази на мојот семеен живот.

Но, по извесно време, жена ми ја зеде книгата од полицата и почна да ја чита. Веднаш ѝ стана јасно дека она што го чита е вистината. Кога ја посети една жена од Јеховините сведоци, таа почна да ја проучува Библијата со неа. Во почетокот малку се плашеше да ми каже за тоа. Но кога сепак ми кажа, ѝ реков: ‚Сѐ што може да му помогне на нашето семејство е добро‘. И јас почнав да присуствувам додека тие проучуваа. Библиските начела ни помогнаа како семејство и нашиот живот доби нова смисла. Бев воодушевен кога дознав дека еден ден ќе можеме да живееме во свет без болести. Ми беше многу логично дека Бог има токму таква намера со човештвото. Наскоро сопругата и јас се крстивме, а на крајот се крстија и сите други од семејството. Тоа мало девојче кое првпат разговараше со мене почина но, на некој начин, нејзината вера живее и понатаму.“

Во денешниов свет што брзо се менува, животот на лекарите станува сѐ постресен, па затоа жртвите што ги прават за да им помогнат на болните се навистина вредни за пофалба. Но, најголемите промени во човечката историја допрва претстојат. Многу лекари денес со доверба ја очекуваат иднината која ја ветува Божјата реч — свет во кој ќе нема болести! (Откровение 21:1-4). Ова е нешто што вреди лично да се испита.

[Фуснота]

a Издадена од Јеховините сведоци.

[Рамка/слики на страници 10 и 11]

„СФАТИВ ДЕКА ЖИВОТОТ ИМА СМИСЛА“

„Додека работев со хендикепирани деца на училиште, забележав дека родителите што беа Јеховини сведоци се издвојуваат од другите. Ми се чинеше дека тие полесно се справуваат со тоа што имаат хендикепирано дете отколку другите родители што беа во слична ситуација. Освен тоа, забележав дека се поначитани отколку што би можело да се очекува од луѓе со нивно образование. Ѝ се восхитував на нивната вера. Мојата вера беше скоро потполно уништена од теоријата на еволуцијата. Сепак, во текот на студиите по медицина бев фасцинирана од чудото на животот.

Отприлика во тоа време почнав да сфаќам дека не знам како да си ги воспитам децата. Што треба да им забранувам? На што треба да ги поттикнувам? Кон што би можела да ги насочам за да водат смисловен живот? Ни мојот живот немаше никаква смисла. Дури и се молев за помош.

Во тоа време од Јеховините сведоци добив едно списание што зборуваше за тоа како да се исправаат и да се воспитуваат децата со љубов. Се уверив дека библиските начела што беа објаснети таму се навистина корисни, и прифатив да ја проучувам Библијата. Откако дознав зошто Јехова го создал животот и зошто Исус умрел, сфатив дека животот има смисла (Јован 3:16; Римјаните 5:12, 18, 19). Еволуцијата го имаше извртено моето размислување. А какво само олеснување ми беше кога дознав дека ни болеста ни смртта воопшто не биле дел од намерата што Бог ја имал во почетокот! Сега и јас ги поучувам искрените луѓе за тоа дека Бог наскоро ќе ги излекува сите болести и тоа ми носи вистинско задоволство.“

[Слики]

Хелена Баусејс од Холандија порано работела како школски лекар

[Слики на страница 9]

Лука, лекар и еден од писателите на Библијата, бил заедно со Павле кога овој апостол го излекувал таткото на Публиј и го воскреснал Ефтих

[Слики на страница 10]

Д-р Џон Шилер (Соединетите Држави)

[Слики на страница 10]

Д-р Кристер Ренвал (Финска)

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели