ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g05 8/8 стр. 24-25
  • Решена да си ја остварам целта

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Решена да си ја остварам целта
  • Разбудете се! 2005
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што влијаеше врз моите цели
  • Пионерска служба
  • Добивам дијагноза
  • Си ја остварувам целта
  • Што треба да знаеш за епилепсијата
    Разбудете се! 2013
  • Благословите од пионерската служба
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Пионерите даваат, но и примаат благослови
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Пионерска служба — дали е за тебе?
    Нашата служба за Царството 1998
Повеќе
Разбудете се! 2005
g05 8/8 стр. 24-25

Решена да си ја остварам целта

РАСКАЖАЛА МАРТА ЧАВЕЗ СЕРНА

Еден ден, кога имав 16 години, се онесвестив додека работев нешто низ дома. Кога се освестив, бев в кревет. Збунета и со силна главоболка, неколку минути не можев ниту да гледам ниту да слушам. Бев преплашена. Што ми се случи?

МОИТЕ загрижени родители ме однесоа на лекар. Тој ми препиша витамини и рече дека нападот се должел на тоа што сум си легнувала доцна. Неколку месеци подоцна, имав уште еден напад, па потоа уште еден. Се консултиравме со друг лекар кој мислеше дека нешто не е во ред со моите нерви и ми препиша апчиња за смирување.

Но, нападите стануваа сѐ почести. Постојано се онесвестував, паѓав и се повредував. Понекогаш ќе си го прегризев јазикот и внатрешната страна на устата. Кога ќе се освестев, имав страшни главоболки и гадење. Целото тело ме болеше и обично не можев да се сетам што се случило пред нападот. Честопати требаше да се одморам ден или два за да закрепнам малку. И покрај тоа, мислев дека тоа е само привремен проблем — дека наскоро ќе ми биде подобро.

Што влијаеше врз моите цели

Кога бев многу помала, моето семејство почна да ја проучува Библијата со Јеховините сведоци. Нѐ поучуваа двајца специјални пионери, или полновремени слуги што поминуваат многу часови поучувајќи ги другите за библиските вистини. Гледав дека службата им носи голема радост на тие пионери. Кога почнав да им кажувам на учителката и на другите деца во одделението за ветувањата од Библијата, и јас почувствував иста таква радост.

Набрзо, многумина од моето семејство станаа Јеховини сведоци. Толку многу уживав кога ја проповедав добрата вест! Кога имав седум години, веќе си имав поставено за цел да станам специјален пионер. На 16 години направив голем чекор со кој дојдов малку поблизу до таа цел — се крстив. Тогаш почнаа нападите.

Пионерска служба

И покрај моите здравствени проблеми, сѐ уште сметав дека можам да станам полновремен слуга во редовите на Јеховините сведоци. Но, бидејќи понекогаш имав по два напада во текот на една седмица, некои во собранието мислеа дека не треба да се нафатам на таква голема одговорност. Бев тажна и разочарана. Но, подоцна во нашето собрание дојде еден брачен пар што служеше во подружницата на Јеховините сведоци во Мексико. Тие дознаа дека имам желба да бидам пионер и многу ме храбреа. Ме убедија дека болеста не мора да биде пречка за да станам пионер.

Така, на 1 септември 1988, бев наименувана како општ пионер во мојот роден град Сан Андрес Чиаутла (Мексико). Поминував многу часови во проповедање на добрата вест. Кога, поради нападите, не можев да проповедам јавно, на луѓето во таа област им пишував писма со библиски теми и со тоа ги поттикнував да ја проучуваат Библијата.

Добивам дијагноза

Во тоа време моите родители ме однесоа на невролог, иако тоа беше многу скапо. Докторот ја постави дијагнозата за мојата болест — епилепсија. Благодарение на терапијата што ја примав, околу четири години болеста беше под контрола. Во меѓувреме, имав прилика да одам на Школата за пионерска служба, каде што бев толку охрабрена што добив голема желба да служам таму каде што има поголема потреба од проповедници.

Моите родители знаеја колку сакам да си ја зголемам службата. Бидејќи мојата болест колку-толку беше под контрола, ми дозволија да се преселам во Зитакуаро, во државата Мичоакан, што беше околу 200 километри од дома. Дружењето со другите пионери на таа доделба ми помогна уште повеќе да ја ценам полновремената служба.

Но, по две години во Зитакуаро, нападите пак почнаа. Се вратив кај моите родители разочарана и тажна. Ми требаше медицинска нега. Отидов кај невролог, кој установи дека терапијата што ја примав ми го оштетува црниот дроб. Почнав да барам алтернативни начини на лекување, зашто не можевме веќе да ги плаќаме консултациите со специјалистите. Состојбата ми се влоши и морав да прекинам со пионерската служба. Секој напад беше чекор наназад. Но, кога ги читав Псалмите и му се молев на Јехова, чувствував дека тој ми дава утеха и сила (Псалм 94:17-19).

Си ја остварувам целта

Во периодот кога ми беше најлошо, имав по два напади на ден. Тогаш дојде до пресвртница. Еден доктор ми даде една посебна терапија за епилепсија и почнав да се чувствувам подобро на подолги периоди. Така, на 1 септември 1995 повторно почнав со пионерската служба. Здравјето ми беше стабилно и, по две години без ниеден епилептичен напад, дадов молба да служам како специјален пионер. Тоа значеше дека ќе треба да поминувам уште повеќе време во службата и да служам таму каде што има потреба. Замислете си само како се чувствував кога бев наименувана како специјален пионер! Си ја остварив целта што си ја поставив уште како дете.

На 1 април 2001 почнав со мојата нова доделба во едно селце во планинските предели на државата Идалго. Сега служам во едно мало гратче во државата Гуанахуато. Морам да внимавам редовно да си ги земам лековите и доволно да се одморам. Внимавам на исхраната, особено во поглед на маснотиите, кофеинот и конзервираната храна. Исто така, се трудам да избегнувам силни емоции, како што се лутината или претераната загриженост. Но, оваа строга рутина ми носи и користи. Откако служам како специјален пионер, сум имала само еден напад.

Бидејќи не сум мажена и немам семејни одговорности, со радост продолжувам да служам како специјален пионер. Утеха ми дава тоа што знам дека ‚Јехова не е неправеден да го заборави нашето дело и љубовта што ја покажуваме кон неговото име‘. Тој има толку голема љубов и не бара од нас повеќе од она што можеме да дадеме! Овој факт ми помогна да го урамнотежам моето размислување, зашто ако еден ден поради лошото здравје, морам пак да прекинам со пионерската служба, знам дека Јехова и тогаш ќе биде задоволен со службата што ја правам со сета душа (Евреите 6:10; Колошаните 3:23).

Без сомнение, многу голема сила црпам од тоа што секој ден им ја пренесувам мојата вера на другите. Тоа ми помага на прво место во умот да ми бидат благословите што Бог ги подготвува за во иднина. Библијата ветува дека во новиот свет повеќе нема да има болест, ‚ниту ќе има веќе тага ни пискот ни болка. Поранешните работи ќе поминат‘ (Откровение 21:3, 4; Исаија 33:24; 2. Петрово 3:13).

[Слики на страница 24]

Кога имав околу 7 години (горе); околу 16, кратко откако се крстив

[Слика на страница 25]

Во служба со една пријателка

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели